ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО И ИЗМЕНА НА ЗАКОНИТЕ ЗА СУДСКАТА И ЈАВНООБВИНИТЕЛСКАТА СЛУЖБА
20.05.2021 година
Зголемување на платите во правосудството, исплата на додатоците на плата, измени на законите за судска и јавнообвинителска служба беа дел од прашањата на Синдикатот за кои се разговараше на средбата со Министерот Бојан Маричиќ.
На барање на Синдикатот на УПОЗ, Претседателот на Синдикатот Пецо Грујовски и Генералниот секретар Трпе Деаноски одржаа работна средба со Министерот за правда г – дин Бојан Маричиќ.
Претставниците на Синдикатот на УПОЗ истакнаа дека од последното зголемување на платите во правосудството изминаа неколку години, а од тогаш до сега има постојан пораст на просечната плата на ниво на државата, пораст на минималната плата и зголемена инфлација која придонесува цените на основните производи за живот да бидат се повисоки. Ваквата состојба и фактот дека вработените во правосудството се многу поблиску до минималната плата отколку до просечната плата на ниво на држава мора да се измени во најбрз рок и Министерството за правда, Судскиот буџетски совет и јавното обвинителство мора да изнајдат средства за зголемување на платите на вработените.