ПОДДРШКА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЕВРОПСКИ СИНДИКАТИ
14.04.2021 година
По доставениот извештај од Синдикатот на УПОЗ до Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ) за работата на Синдикатот во 2020 година, ЕПСУ и неколку европски синдикати, се обратија до Владата на РСМ со барање доследно да се почитуваат сите одредби од потпишаниот Грански колективен договор за вработените во државната администрација меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата на РСМ.
Најголемите европски синдкати како и синдикатите од нашиор регион, кои членуваат во ЕПСУ, писмено се обратија до Владата на РСМ со цел да им укажат дека одредбите од Колективниот договор и колективните догвори на ниво на работодавач, мора во целост да се почитуваат. ЕПСУ по добивањето на извештајот за работата на Синдикатот на УПОЗ, наведе дека после 25 години конечно беше потпишуван Грански колективен договор за вработените во државната администација. Со тој колективен договор, се унапредија и вратија голем број на права кои низ годините им беа ускратени на вработените во државната администрација, но и покрај надежите дека со потпишувањето ќе почне доследна примена на колективните договори, се соочивме со непочитување на веќе потпишаното и нерализирање на одредби колективниот договор.