• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

12.06.2019 година

Во врска со незаконски задржаните пари за време на штрајкот во 2016 година, Владата на Р.С.Македонија обезбеди финансиски средства, а реализирањето односно повратот на средствата не е рализиран од причини што се бараше соодветно законско решение, како овие средства да бидат вратени на вработените.

Денес во договор со Министерството за правда договорено е во наредните неколку денови средствата кои ги обезбеди Владата на Р.С.Македонија да бидат префрлени на Судскиот буџетски совет кој потоа треба да ја реализира исплатата.

 

Со ова сакаме да ги спречиме шпекулациите кои ги пласираат поединци, обвинувања и слично со што предизвикуваат непотребен револт меѓу вработените особено со фактот дека побарувањето по судски пат застарува на крајот од овој месец.

Синдикатот на УПОЗ во изминатиот период правеше напори ова прашање да го реши спогодбено, со цел да се избегнат судските трошоци и неизвесноста од судската пресуда. Затоа сакаме членовите и другите вработени да бидат информирани дека парите се обезбедени и ќе бидат вратени на вработените.

Истовремено сакаме да потенцираме дека активностите кои деновиве ги презема Здружението на судска администрација за собирање на потписи за поднесување на опомена пред тужба, за нас се неспорни и оставаме на членовите да одлучат за натамошните постапки.

За сите понатамошни активности, Синдикалните организации навремено ќе бидете информирани.