• sl0.jpg
  • sl1.jpg
  • sl2.jpg
  • sl3.jpg

18.12.2017 година

Иако после локалните избори ни беше ветена средба од страна на Министерот за финансии со Претседателот на Владата на РМ, за изнаоѓање решение со скратените пари за штрајкот во правосудството во 2016 година, таа средба се уште не се одржа.

 

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ) е Синдикат кој меѓу другите ги здружува и организира работниците од правосудството на Р. Македонија. (судовите, обвинителствата, казнено поправните и воспитно поправните установи).

Овие групи вработени особено во судовите своите права речиси секогаш ги остварувале на најтешкиот начин, а тоа е со одржување штрајкови и протести каков што беше случајот и изминатата година. Во 2016 година, по 60 дневен штрајк на кој работниците бараа едноставна измена на Закон со ќе им се овозможеше изедначување на правата со другите вработени во правосудството (судии, обвинители и јавно обвинителски службеници).

Наместо усвојување на барањето, надлежните во Министерството за правда и Судскиот совет на Р. Македонија решија да ги злоупотребат одредбите на Законот за судска служба и Уставот на Р. Македонија и да ги казнат вработените во судството со кратење на 40% од нивните месечни примања за време на штрајкот.

Вработените во јавните обвинителства пред донесување на измените за Законот за јавнообвинителска служба со години имаа едни од најниските примања на ниво на Р. Македонија. Со законските измени беа предвидени додатоци на плата кои доколку кумулативно бидат исполнети вработениот може да добие додаток во висина до 35% на плата. Иако ваквата одлука за измена на Законот беше јасно дека е политичка тоа придонесе вработените да имаат повисоки примања кои до некаде ќе бидат и реални со нивниот обем на работа.

За жал од 01.08.2017, овие додатоци со Одлука на Министерството за финансии повеќе не се исплаќаат.

На 09.10.2017 година, Синдикатот на УПОЗ одржа работна средба со Министерот за финансии на која го запознавме за горе наведеното и побаравме начин за брзо решавања на овие и други проблеми со цел да се избегнат судски постапки кои ќе значат нанесување штета на Буџетот на Р. Македонија бидејќи барањата на Синдикатот – работниците се издржани и предвидени во законите.

Министерот за финансии предложи веднаш по одржувањето на локалните избори за овие барања да се разговара на повисоко ниво, односно тој да иницира да се одржи средба со Претседателот на Владата на РМ, Министерот за правда и Министерот за финансии на која би дошле до решение за овие две прашања.

Иако Министерот за финансии презеде обврска тој да биде организатор на ваквата средба и покрај многуте наши писмени и усни ургенции средбата се уште не сме ја одржале, а незадоволството кај вработените во судовите и обвинителствата е се поголемо.

Од горе наведените причини, бараме во најкус можен рок да одржиме работна средба Претседателот на Владата на Р.Македноија за подетално да го запознаеме со овие два клучни проблеми и да изнајдеме итно решение кое би било поволно за работниците и нивната материјална и економска состојба, со цел да се избегнат адвокатски и извршителски трошоци кои значително ќе го оптоварат Буџетот на Р. Македонија.