Под мотото “Време е за јавниот сектор” oд 18. до 20. Јуни, во Букурешт се одржува 11. Конгрес на European Public Service Unions (EPSU), на кој учествуваат 600 учесници од целиот свет.
На покана на ЕПСУ тимиот за организација и регрутирање нови членови, Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски беше еден од учесниците на панел дискисијата, кој ја презентираше две годишната работа на Синдикатот на УПОЗ за зголемување на членството, предизвиците и формирањето на новите синдикални организации.
“Во колективното преговарање не можете сами, не можат двајца или тројца да го водат целиот процес, потребен е цел тим за да имате успешни преговори позади себе. Тимот на Синдикатот на УПОЗ не е голем, па одлучивме за сите наши успеси и потпишување на Колективни договри, да правиме објави на социјалните мрежи за да допреме до што повеќе членови и потикнеме повеќе работодавачи. Владата во 2021 година, не ги усогласи платите и забрани нивно зголемување, но најдовме начин да делуваме на локално ниво, да ги унапредуваме правата од работен однос и да ги зголемуваме платите, а со самото тоа да се зголемуваше и членството во Синдикатот на УПОЗ. Доста сме застапени во медиумите, во последната година организиравме повеќе штрајкови и протести, и ја користиме секоја прилика која ќе ни биде укажана да ги унапредиме правата на членовите на Синдикатот на УПОЗ преку потпишување на Колективни договори. Важно е да се работи со членството, да се слушнати нивни идеи, и да се организираат редовни средби, само така може да имаме јак Синдикат” – посочи Претседателот Трпе Деаноски, на панел дискусијата.
#EPSUCONGRESS2024
#TimeForPublicServeces