ПЛИМОНТ ДООЕЛ Скопје е специјализирана компанија за конверзија на возила на автогасен ТНГи ЦНГ погон.
ПЛИМОНТ веќе 17 години е водечка компанија во областа на автогасните системи во Република Македонија. Плимонт е најголемиот снабдувач на автогасна опрема во Македонија и ја обезбедува целокупната палета на производи и услуги со врвен квалитет потребни за конверзија на возилата на гасен погон.
ПЛИМОНТ е дистрибутер и овластен сервисер за Италијанскиот производител на автогасна опрема, групацијата Ланди Рензо СпА, во моментов најголемиот светски производител на автогасни системи.
ПЛИМОНТ ќе овозможи членовите на Синдикатот на УПОЗ сите наши производи и услуги да можат да ги добијат со отплата на 12 (дванаесет) еднакви месечни рати преку задршка на месечниот приход на вработениот.
Цените на производите и услугите кои ќе се добиваат во ПЛИМОНТ со овој начин на плаќање се цени од нашиот редовен ценовник.
Изборот на тип на автогасен систем се прави спрема типот на моторот со кој е опремено Вашето возило.
Уредите кои ги вградуваме се производ на Италијанската компанија LANDI RENZO SpA, со 3 години гарантен рок без ограничување на гаранцијата со поминати километри.
Потребни документи:
Потврда (заверена од страна на претседателот на синдикалната организација)
Административна забрана (заверена од страна на работодавачот)
За сите информации можете да се обратите на:
02 2554 666 / 075 239 886
www.plimont.com.mk
www.plimont.com
ЕКСЛУЗИВНО за членовите на Синдикатот на УПОЗ, плаќањето на купените производи (пневматици и алу-фелни) од ОЛИМПИКОСкопје може да се врши на 6 (шест) месечни рати.
Гамата на производи предмет на оваа понуда за поволности вклучува пневматици од познати светски брендови со докажан квалитет (Michelin, BF Goodrich и Tigar др.) прилагодени за различни временски услови (лето или зима).
Понудата на Олимпикосе однесува на купување на пневматици за патнички моторни возила со 15% попуст и наплата на истите на 6 месечни рати преку задршка од месечниот приход на вработениот, кој своевремено мора да е и член на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) на РМ..
За плаќање во готово ви одобруваме 25 % попуст за купување на гуми и на вулканизерски услуги
Членовите на Синдикатот на УПОЗ кои живеат во Скопје можат да го посетат продажниот салон на ОЛИМПИКОна бул. 8ми СептемвриСкопје (спроти ХУБО РЕПЛЕК МАРКЕТ).
За членовите на Синдикатот на УПОЗ кои живеат во другите градови во РМ, Олимпико ги нуди производите на договорна основа директно со заинтересираните лица.
Продажен салон Скопје: (02) 3063-351
Лице за контакт: Мирои Кирил(070 395 111и 070 552 708
Интернет страница: www.olimpiko.com.mk
Потребни документи:
МУЛТИБРЕНД - пневматици и алу-фелни за возила
ЕКСЛУЗИВНО за членовите на Синдикатот на УПОЗ, плаќањето на купените производи (пневматици и алу-фелни) од МУЛТИБРЕНД Скопје може да се врши на 6 (шест) месечни рати.
Гамата на производи предмет на оваа понуда за поволности вклучува пневматици од познати светски брендови со докажан квалитет (Michelin, Firestone, Bridgestone, Pirelli, Matador, Sava и др.) прилагодени за различни временски услови (лето или зима).
Понудата на Мултибренд се однесува на купување на пневматици за патнички моторни возила со 7% попуст и наплата на истите на 6 месечни рати преку задршка од месечниот приход на вработениот, кој своевремено мора да е и член на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) на РМ..
Членовите на Синдикатот на УПОЗ кои живеат во Скопје можат да го посетат продажниот салон на МУЛТИБРЕНД на бул. Јужен Булевар б.б Скопје (зад Т.Ц. Рамстор, потег накај К.Вода).
За членовите на Синдикатот на УПОЗ кои живеат во другите градови во РМ, Мултибренд ги нуди производите на договорна основа директно со заинтересираните лица.
Продажен салон Скопје: (02) 3112 100
Лице за контакт: Ѓорѓи или Горан (070 219 093)
Интернет страница: www.multibrend.com.mk
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за користење на поволностите:
ПОТВРДА (потпишана од страна на претседателот на синдикалната организација)
ИЗЈАВА (потпишана од страна на барателот/член на Синдикатот на УПОЗ)
АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА (потпишана и заверена од страна на работодавачот)