Претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ), остварија прва работна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
На првата средба претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Генералниот секретар Бојан Трипуноски и претседателот на С.О при МИОА Сашо Митев, со министерот Андоновски разговараа за неколку прашања кои се важни за членовите на Синдикатот на УПОЗ.
Сепак главна тема која што го задржа нивното внимание беше активноста поврзана со потпишувањето на Колективен договор во Министерството за дигитална трансформација и започнување на преговори за утврдување на коефициентот за плата согласно Општиот Колективен договор за јавниот сектор.
Министерот беше запознаен и со сите отворени прашања кои се од голема важност за вработените не само во Министерството за дигитална трансформација туку и во целата дражвна управа и беше побарана поддршка и заложба овие отворени прашања итно да се решат.
Министерот Стефан Андоновски истакна дека еден од приритетите на новата Влада е да се задржат квалитетните кадри на работа и заедно со Синдикатот на УПОЗ да се изнајде решение со кое вработените би добиле повисоки плати согласно критериумите во Колективните договори и законите.