На 08.07.2024 година, во просторите на Центар за развој на Југоисточен плански регион беше потпишан Колективен договор за вработените.
Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Центар за развој на Југоисточен плански регион, утврдување на регрес за годшен одмор од најмалку 60%, исплата на јубилејни награди, можност за 13-та плата итн.
Колективниот договор беше потпишан од страна на Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на СО при ЦЗРЈПР Даниела Мафкова од едната страна и Директорот на Центарот за развој на Југоисточен плански регион Ѓоко Камчев.