Конгрес
Претседател
Претседателот на Синдикатот го избира Конгресот.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ професионално ја извршува должноста и:
а) Го преставува и застапува Синдикатот;
б) Го застапува Синдикатот во правниот и финансискиот промет;
в) Подготвува Предлог - листа за состав на Претседателството на Синдикатот која се верифукува на конститутивната седница на Претседателството;
г) Ги свикува и раководи со седниците на Претседателството и Извршниот одбор;
д) Ја спроведува политиката и активностите на Синдикатот согласно Статутот и Програмските насоки на Конгресот;
ѓ) Се грижи и го обезбедува спроведувањето на Статутот, одлуките на Конгресот, како и другите органи на Синдикатот;
е) Ги координира активностите на органите и телата на Синдикатот;
ж) Заедно со претседателот на синдикалната организација ги склучува и потпишува поединечните колективни договори на ниво на работодавач;
з) Управува со финансиските средства и имотот на Синдикатот;
ѕ) Ги склучува и потпишува колективните договори на Синдикатот и другите договори;
и) Остварува соработка со другите синдикати како и со синдикатите, граѓанските организации и здруженијата на повисоко ниво на организирање во Македонија и во странство;
ј) Иницира и координира активности за реализација на одлуките, заклучоците и ставовите на Синдикатот и неговите тела;
к) По потреба може да свика состанок во било која синдикална организација;
л) Во исклучителни случаи а заради заштита на имотот и средствата на Синдикалната организација, може да донесе Одлука за блокирање на сметката на било која синдикална организација и
љ) Врши и други работи во согласност со овој Статут.
На Осмиот Конгрес на Синдикатот на УПОЗ, едногласно за Претседател на Синдикатот на УПОЗ е избран Трпе Деаноски. Трпе Деаноски е роден 12.02.1981 година, во Скопје. Завршил правен факултет со положен правосуден испит.
Претседателството на Синдикатот на УПОЗ го утврди Трпе Деаноски како единствен кандидат врз основа на предлозите кои пристигнаа од страна на Синдикалните орагнизации членки на Синдикатот на УПОЗ.
Претседателство
Претседателството е највисок орган на Синдикатот меѓу двa Конгреса.
Претседателството го сочинуваат членови по функција.
Членови по функција се:
- Претседателот на Синдикатот;
- Генералниот секретар;
- претседатели на синдикални организации со членство над 250 членови и претседателите на одборите, согласно Одлуката за бројот и составот за членови на Претседателството од 7-от Конгрес.
Во текот на мандатниот период, Претседателството што може да врши замена на членовите на својот состав до 1/3 од вкупниот број.
Верификација на нови членови на Претседателството меѓу две Конгреси врши Претседателството;
Претседателството на Синдикатот одговара за својата работа пред Конгресот и членството.
Претседателството се состанува по потреба а најмалку еднаш на три месеци.
Со работата на Претседателството раководи претседателот на Синдикатот.
Претседателството од својот состав бира Извршен одбор на предлог на претседателот на Синдикатот почитувајќи ја структурата на трите дејности.
Претседателството може да работи доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината негови членови а одлуките се полноважни ако за нив се изјасни мнозинството од присутните членови.
Претседателството на Синдикатот самостојно и во рамките на своите права, должности и одговорности:
(а) обезбедува поволни услови за преговарање, партнерска улога при склучувањето на колективните договори како и другите форми на преговарање, договарање и спогодување за сите прашања од интерес на членството и Синдикатот;
(б) презема потребни активности за унапредување на условите за работа, заштита на работа и унапредување на работната и животната средина;
(в) донесува финансиски план и ја усвојува завршната сметка на Синдикатот;
(г) донесува одлука за финансирање на синдикатот, висината и начинот на распределба;
(д) расправа и го усвојува конечниот текст на колективниот договор на ниво на гранка доколку тоа овластување не го пренело на работната група за колективно преговарање;
(ѓ) утврдува предлог-текст на Статутот како и измени и дополнувања меѓу два Конгреса на Синдикатот;
(е) донесува одлука за бројот, составот и структурата на Претседателството;
(ж) утврдува листа на кандидати за претседател со тоа што бројот на кандидатите не може да биде поголем од три;
(з) утврдува листи на кандидати за органите на Синдикатот;
(ѕ) ја избира и разрешува Статутарната комисија и други органи на Синдикатот;
(и) именува преговарачки тим за склучување на колективен договор;
(ј) по потреба именува регионални претставници на предлог на претседателот;
(к) се залага за сигурност на работните места како и за материјална и социјална сигурност;
(л) ја унапредува организацијата на Синдикатот и донесува одлуки, упатства и препораки,
(љ) организира образование на синдикалните претставници,
(м) го организира информирањето во Синдикатот,
(н) донесува и ја спроведува програмата за работа,
(њ) обезбедува извршување на сите барања за потребите на Конгресот, Надзорниот одбор, Статутарната комисија како и другите органи кои ги основа;
(о) помага во работата на синдикалните организации;
(п) донесува Деловник за работа на Претседателството и одлучува за сите други прашања од интерес за Синдикатот кои не се во надлежност на органите и телата на Синдикатот.
Членови на Претседателство на Синдикатот на УПОЗ:
- Трпе Деаноски - Претседателот на Синдикатот на УПОЗ
- Бојан Трипуноски - Генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ
- Бранко Аџигогов - Фонд за здравствено осигурување
- Љубиша Јовановски - Агенција за катастар на недвижности
- Тони Апостоловски - Царинска управа
- Александар Диље - Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство
- Гордана Максимовска - Општина Карпош
- Амир Шеји - Општина Струга
- Фестим Зеќири - Општина Тетово
- Бобан Данов - Одбор за КПУ и ВПУ
- Зоран Дојчинов - Одбор за судска полиција
- Горанчо Чолаков - Одбор за судска служба
- Зоран Георгиевски - Одбор за административни службеници
- Васко Арсов - Одбор за инспекциски служби
- Магдалена Спасова - Одбор за локална самоуправа
- Ристе Лашкоски - Основен граѓански суд Скопје
- Ангелко Попески - Основен суд Охрид
- Александра Велеска Лиотиковски - Основен суд Кавадарци
- Стевица Сарковски - Основен суд Тетово
- ____________ - Управа за јавни приходи
- Синан Сејфула - Фонд за пензиски и инвалидско осигурување
Извршен Одбор
Извршниот одбор е извршно тело кое го сочинуваат вкупно седум членови, шест членови и претседателот на Синдикатот, а за својата работа одговорен е пред Претседателството.
Извршниот одбор се состанува по потреба, а со неговата работа раководи претседателот на Синдикатот, ги спроведува одлуките на Претседателството и се грижи за информативната, организациската и друга дејност во Синдикатот и односите со работодавачот и јавноста, донесува одлуки согласно програмските насоки на Синдикатот, утврдува кандидати за членовите на телата на Синдикатот, утврдува предлози за награди, дипломи и други признанија на членови на Синдикатот и Синдикалните организации, извршува и други работи по овластување на Претседателството.
Извршниот одбор се состанува меѓу седниците на Претседателството и може да донесува одлуки и заклучоци по итни прашања од надлежност на Претседателството и за истите го информира Претседателството на првата наредна седница.
Членови на Извршен одбор на Синдикатот на УПОЗ
- Трпе Деаноски - Претседател на Синдикат на УПОЗ;
- Александар Диље - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;
- Магдалена Спасова - Општина Велес;
- Тони Апостоловски - Царинска управа;
- Љубиша Јовановски - Агенција за катастар на недвижности;
- Фестим Зеќири - Општина Тетово;
- Горанчо Чолаков - Основен суд Велес.
Надзорен Одбор
Надзорниот одбор извршува надзор над употребата и користењето на имотот и финансиските средства на Синдикатот.
Надзорниот одбор се состои од три члена и исто толку заменици,
Изборот на членови на Надзорниот одбор го врши Собранието,
Меѓу два Конгреси, членови може да избира и Претседателството на Синдикатот
Надзорниот одбор на својата конститутивната седница бира претседател и негов заменик.
Членовите на Надзорниот одбор не можат истовремено да бидат и членови на Претседателството.
Членови на Надзорен одбор на Синдикатот на УПОЗ
Членови
- Мијалче Дургутов - Државен завод за ревизија - Претседател на Надзорниот одбор
- Драгица Јованова - Општина Гевгелија - Заменик претседател
- Меџди Мемети - Основен суд Тетово
Заменици
- Игор Дамјаноски - Општина Демир Хисар
- Валентина Слезенковска - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Биљана Николова - Државно правобранителство на РСМ
Статуарна Комисија
Статутарната комисија:
- го следи остварувањето и спроведувањето на Статутот на Синдикатот;
- дава толкување на одредбите на овој Статут и подготвува негови дополнувања и измени;
- ја оценува усогласеноста на одредбите на другите акти на Синдикатот и органите и телата на Синдикатот со одредбите на Статутот;
- утврдува предлог за усогласување на Статутот со прописите;
- арбитрира во споровите меѓу синдикалните организации и Синдикатот.
Статутарната комисија има пет члена и исто толку заменици и нив ги бира Претседателството на Синдикатот.
Статутарната комисија од редот на своите членови бира претседател и заменик претседател на Статутарната комисија,
Членовите на Статутарната комисија не можат истовремено да бидат и членови на Претседателството на Синдикатот.
Членови и нивни заменици на Статутарната комисија
Членови
- Дејан Нешовски - Основен кривичен суд Скопје;
- Гордана Коцева - Агенција за катастар на недвижности;
- Наташа Кузмановска - Управен суд;
- Шкљзим Камбери - Управа за јавни приходи;
- Лилјана Зафирова - Апелационен суд Скопје.
Заменици на Статутарната комисија:
- Сања Карабатова Игнова - Општина Велес
- Љупчо Ангеловски - Основен граѓански суд Скопје
- Влатко Станкоски - Општина Демир Хисар
- Цвете Јовановска - Фонд за здравствено осигурување
- Биљана Младенова - Основен суд Кавадарци.
Членови на одбори и комисии на Синдикатот на УПОЗ
А. ОДБОРИ
1. Одбор на административни службеници
- Зоран Георгиевски - Државен завод за статистика (претседател)
- Александар Диље - МЗШВ
- Бранко Костовски - Министерство за култура
- Гуле Гулев - Кабинет на Претседател на РСМ
- Ангелина Јовановска - Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
- Бранко Аџигогов - Фонд за здравствено осигурување
2. Одбор за локална самоуправа и ТПЕ
- Магдалена Спасева - Општина Велес (претседател)
- Ловрен Маркиќ - Град Скопје
- Даниела Диље - Општина Аеродром
- Бошко Талески - Општина Прилеп
- Фестим Зеќири - Општина Тетово
- Амир Шеји - Општина Струга
3. Одбор на судска служба
- Горанчо Чолаков - Основен суд Велес (претседател)
- Роланда Доко - Управен суд
- Ивица Бошевски - Основен граѓански суд
- Лилјана Зафирова - Апелационен суд Скопје
- Стевица Саркоски - Основен суд Тетово
- Трајанка Бошева - Основен суд Кавадарци
4. Одбор за КПУ и ВПУ
- Бобан Данов - КПУ Штип (претседател)
- Александра Капсарова - КПУ Гевгелија
- Наумче Прлески - КПУ Штип
5. Одбор за инспекциски служби
- Васко Арсов - Државен инспекторат за земјоделство (претседател)
- Звонимир Јаневски - Државен инспекторат за шумарство и ловство
- Емилија Николоска - Центар за образование на возрасните
- Билјана Стевановска - Град Скопје
- Гордана Максимовска - Општина Карпош
6. Одбор за подготовка и организација на спортските игри и средби
- Трпе Деаноски - Претседател на Синдикатот на УПОЗ
- Бојан Трипуноски - Генерален секретар на Синдикатот на УПОЗ
- Тони Апостоловски - Царинска управа на РСМ
- Магдалена Спасева - Општина Велес
- Љубиша Јовановски - Агенција за катастар на недвижности
- Зоран Георгиевски - Државен завод за статистика
- Фестим Зеќири - Општина Тетово
- Горанчо Чолаков - Основен суд Велес
- Александар Диље - Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
7. Одбор за судска служба
- Зоран Дојчинов - Основен суд Струмица (претседател)
- Славчо Пандурски - Основен суд Берово
- Горан Тасевски - Основен суд Велес
- Сашо Далчески - Основен суд Струга
1. Комисија на Солидарниот фонд
- Илија Смилев - Здружение на граѓани (претседател)
- Горан Рајковски - Воено медицински центар
- Игор Трајковски - Агенција за катастар на недвижности
- Арменд Ибраими - Царинска управа на РСМ
- Нимет Беќири - Фонд за здравствено осигурување
2. Комисија за натпревари на спортските игри