​Во текот на септември 2026 година, преку Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ беа реализирани исплати по 192 барања поднесени од 80 синдикални организации.

​Од овие 192 барања, 183 барања во вкупен износ од 762.800 денари се неповратна парична помош, додека 9 барања се одобрени за позајмици во вкупен износ од 208.000 денари.

​Како и секој септември, најголемиот фокус и поддршка се насочени кон најмладите и семејствата на нашите членови чии деца оваа година се запишаа во прво одделение.

На барање на Синдикатот на УПОЗ, вчера во просториите на Фондот за здравствено осигурување се одржа работна средба со директорот на ФЗОМ, Златко Перински.

На средбата се разговараше за повеќе прашања кои ги засегаат членовите на Синдикатот на УПОЗ во ФЗОМ.

Од страна на директорот Перински беше истакнато дека тој е секогаш отворен за дијалог и преговори кога станува збор за почитување на правата на вработените.

Беше заклучено дека социјалниот дијалог ќе продолжи и понатаму со цел заеднички да се изнаоѓаат решенија кои се во интерес на вработените.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска на прес-конференција пред Основниот суд Куманово, алармираше дека конечно дојде ножот до коска за вработените во Основниот суд Куманово кои со години трпеа невидено психичко малтретирање, понижувања и закани од страна на претседателката Снежана Манева, при што речникот со кој се соочуваа секојдневно, дури и пред странки и граѓани, изобилуваше со навреди како „говеда“, „џукела“, „глупи сте“, закани дека ќе бидат запалени или дека од институцијата се излегува само со брза помош.

Како доказ за целосното отсуство на емпатија Претседателот Деаноски, посочи дека кога вработена се повредила на работното место наместо помош добила коментар дека "дебелата крава намерно паднала за да се повреди", а покрај тоа претседателката ги навредувала колегите и по национална и верска основа, што беше официјално нотирано и во извештајот на Судскиот совет од 2023 година.

Како директен резултат на ова самоволие бројот на вработени се стопи од 165 на само 115 лица, платите и додатоците редовно не беа исплаќани па завршуваа со тужби на товар на судскиот буџет, а самата зграда по претходниот пожар остана со опасни пукнатини и настрешници кои висеа над минувачите.

Бидејќи надлежните институции и Судскиот совет со години замижуваа и наместо суштинска заштита вршеа притисок врз потпишаните работници, претседателот Деаноски постави јавно прашање како воопшто беше избран претседател на суд без психолошко тестирање и побара итно отворање постапка за нејзино разрешување согласно Законот за судови.

Доколку не бидат преземени мерки од страна на Судскиот совет, работниците и Синдикатот на УПОЗ ќе преминат не само кон масовни протести туку и кон целосна блокада и затворање на работата на Основниот суд Куманово.

​Грижата за нашите членови и нивните семејства останува наш главен приоритет.

​Тргнувањето во прво одделение е еден од највозбудливите и најубавите моменти за секое семејство, но истовремено носи и дополнителни финансиски трошоци за подготовка на учебната година.

​Секој член на Синдикатот на УПОЗ чие дете оваа година започнува прво одделение, преку Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ има право на еднократна парична помош во износ од 4.000,00 денари.

​Ова право членовите го остваруваат преку претседателот на својата синдикална организација, а потребни документи се:
- ​Мислење (го пополнува претседателот на синдикалната организација)
- ​Барање (го пополнува членот на Синдикатот)
- ​Потврда за запишан ученик во прво одделение
- ​Извод од родени за детето.

​На сите првачиња им посакуваме среќен почеток, многу насмевки и успеси во училишните клупи!