​Денес направивме уште еден голем чекор во заштитата и унапредувањето на работничките права! Синдикатот на УПОЗ претставуван од Претседателот Трпе Деаноски и претседателот на СО Изабела Илиева и Јавното обвинителство претставувано од Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески официјално го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во Јавно обвинителската служба.

Ова е голем чекор напред за правдата на оние кои се столбот на оваа институција. Синдикатот останува на ставот дека без задоволни вработени нема ефикасен правосуден систем. Продолжуваме со борбата за достоинствено вреднување на трудот на секој наш член!!!

​Денеска, Синдикатот на УПОЗ стави потпис на нов Колективен договор на ниво на работодавач во Министерството за јавна администрација. Со ова, продолжуваме со нашата мисија за системско подобрување на статусот и правата на сите вработени во овој сектор.

Преку конструктивен пристап и меѓусебно разбирање со Министерот Горан Минчев, успеавме да дојдеме до решенија кои значат поголема правна сигурност, подобри услови за работа и соодветно вреднување на трудот на административните службеници.

​Со големо задоволство Ве информираме дека денес официјално беше потпишан новиот Колективен договор на ниво на работодавач во Државното правобранителство на Република Северна Македонија.

Потпишувањето на овој договор е уште еден доказ дека само преку силно синдикално организирање и конструктивен дијалог можеме да постигнеме реални промени.

Синдикатот на УПОЗ и Министерството за животна средина и просторно планирање официјално го потпишаа новиот Колективен договор на ниво на работодавач

Статистика

  • Корисници 2
  • Артикли 451
  • Посети на артикли 896841

Онлајн

Имаме присутни 156 гости и нема членови