На ден 19.02.2025 година се одржа 19. Седница на Претседателството на Синдикатот на УПОЗ, на која се усвоија Измени и дополнување на Правилникот за Солидарен фонд.
Измените кои се направени се следни:
• Паричната помош за подолготрајното боледување ќе се смета од првиот ден на спреченост на работа, но барателот мора да има најмалку 30 дена континуирано боледување. Со 30 дена боледување, на барателот ќе му следуваат 3.000,00 денари наместо досегашните 1.000,00 денари.
• Зголемен е износот за парична помош за прваче и истиот од 3.000,00 денари се зголемува на 4.000,00 денари.
• Зголемен е износот за парична помош за новороденче и истиот од 3.000,00 денари се зголемува на 4.000,00 денари.
• За паричните позајмици за школување, лекување, елементарна непогода и други основи се зголемува максималниот износ на позајмицата од 30.000,00 денари на 40.000,00 денари.
Воедно согласно направената анализа а се со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот на УПОЗ, додадено е ново право на Парична позајмица без основ (со писмо барање на членот на Синдикатот), во висина до 15.000,00 денари и истата ќе се враќа на 6 еднакви месечни рати.
Ова право ќе може да го остваруваат најмногу 20 членови на Синдикатот месечно, а доколку има поголем број на барања, се прави листа на чекање и истите се реализираат наредниот месец.
Претседателството на Синдикатот на УПОЗ ја задолжи стручната служба при Синдикатот на УПОЗ да изготви пречистен текст на Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд при Синдикатот на УПОЗ и членовите во правилникот да се нумерираат редоследно.
Сите барања кои се доставени до Комисијата за солидарен фонд до 19.02.2025 година, ќе бидат разгледани и решени согласно одредбите кои важеле до 19.02.2025 година.