На 23.01.2025 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 25-тата седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ.
Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања во изминатиот период, на ден 23.01.2025 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 25-та седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи и тоа за парична помош за лекување беа поднесени две барања во вкупен износ од 60.000,00 денари. 10 барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за боледување во вкупен износ од 54.300,00 денари. Исто така, на оваа седница беа одобрени и четири позајмици во вкупен износ од 74.000,00 денари.
Во периодот помеѓу двете седници од 03.12.2024 година до 23.01.2025 година, согласно Правилникот за Солидарен фонд беа одобрени и исплатени вкупно 36 барања во вкупен износ од 232.000,00 денари и тоа:
• Парична помош за новороденче – 20 барања во износ од 60.000,00 денари;
• Парична помош за смрт на член на потесно семејство – три барања во износ од 30.000,00 денари;
• Парична помош за пензионирање – пет барања во износ од 15.000,00 денари;
• Парична помош за смрт на член на Фондот – две барања во вкупен износ од 40.000,00 денари;
• Парична помош за лекување – едно барање во вкупен износ од 30.000,00 денари;
• Парична помош за прваче – пет барања во износ од 15.000,00 денари и
•Парична позајмица – две барања во износ од 42.000,00 денари.