Солидарноста на дело: 970.800 денари поддршка за членовите на Синдикатот на УПОЗ во септември!

​Во текот на септември 2026 година, преку Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ беа реализирани исплати по 192 барања поднесени од 80 синдикални организации.

​Од овие 192 барања, 183 барања во вкупен износ од 762.800 денари се неповратна парична помош, додека 9 барања се одобрени за позајмици во вкупен износ од 208.000 денари.

​Како и секој септември, најголемиот фокус и поддршка се насочени кон најмладите и семејствата на нашите членови чии деца оваа година се запишаа во прво одделение.