Одржана 26. Седница на Комисијата за солидарен фонд

На 26.02.2025 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 26. седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 46 неповратно барања во вкупен износ од 223.000,00 денари.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања во изминатиот период, на ден 26.02.2025 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 26-та седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени 18 барања барања кои во вкупен изнесуваат од 137.500,00 денари. Седум барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 33.400,00 денари и четири задоцнети барања за парична помош за прваче во износ од 12.000,00 денари. Исто така, на оваа седница беа одобрени и пет позајмици (две за школување и три без основ) во вкупен износ од 75.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 24.01 до 25.02.2025 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 49 барања во вкупен износ од 298.000,00 денари од кои за:

  • Парична помош за новороденче – 23 барања во износ од 75.000,00 денари;
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – седум барања во износ од 70.000,00 денари;
  • Парична помош за пензионирање – 13 барања во износ од 39.000,00 денари;
  • Парична помош за лекување – едно барање во вкупен износ од 30.000,00 денари;
  • Парична помош за прваче – едно барања во износ од 3.000,00 денари;
  • Парична помош за лекување и медицински помагала – едно барање во износ од 30.000,00 денари  
  • Парична позајмица за лекување/школување – три барања во вкупен износ од 30.000,00 денари.