Во четврток во 16:45 часот, Владата се враќа на маса, за да преговара со Синдикатот на УПОЗ за барањата од одржаните протести за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството.

Синдикатот на УПОЗ во месец јануари 2025 година, протестираше заедно со вработените за зголемување на платите а преговорите еднострано од Владата беа прекинати.

Иако Синдикатот на УПОЗ се обидуваше тие преговори да продолжат, и вработените во управата и правосудството да добијат додаток на плата , а во месец октомври 2025 година, Синдикатот на УПОЗ се обрати до Владата на РМ за предвидување на средства за 2026 година, за ова зголемување.

По одржување на протестот на 28. јануари, Владата веднаш излезе со "понуда" за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството, која без протест немаше да биде добиена.

Нагласуваме дека вработените имаат право на веќе стекнати права утврдени со колективни договори, и новото зголемување на платите ќе значи дополнително материјално право нешто за што Синдикатот на УПОЗ се залага.

Додека цените во маркетите секој дневно растат, нашите плати ни да мрднат.
Додека функционерите си ги зголемуваат примањата, ние се мислиме како да го претуркаме месецот.

НЕ ПРИФАЌАМЕ ПОВЕЌЕ ТРОШКИ! 📢
Нашите барања се јасни и не се предмет на преговори:
 600€ МИНИМАЛНА ПЛАТА за секој работник!
+100€ ЛИНЕАРНО ПОКАЧУВАЊЕ на сите останати плати!

Ако не излеземе на улица, значи дека се согласуваме со сиромаштијата. Судбина е буквално во наши раце!

📅 ДАТУМ: 28 јануари 2026
🕔 ЧАС: 17:00 часот
📍 МЕСТО: ССМ

Сподели ја објавата, повикај го колегата. Побројни сме помоќни.

Се гледаме на улица! 👊

На ден 13.01.2026 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 35. седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ.

По основ парична помош за боледување беа поднесени седум барања во вкупен износ од 51.100,00 денари. По основ парична помош за лекување беа релаизирани вкупно три барања во вкупен износ од 28.900,00 денари. Едно барање беше реализирано по основ пензионирање во износ од 3.000,00 денари и шест барања за парична помош за исклучителни случаи во вкупен износ од 36.000,00 денари. На оваа седница беше одобрена една позајмица за лекување во износ од 40.000,00 денари и две позајмици (по друг основ) во вкупен износ од 60.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 09.12.2025 до 13.01.2026 година, согласно Правилникот за Солидарен фонд, беа одобрени и исплатени вкупно 26 барања по следниве основи:

  • Парична помош за новороденче – 11 барања во износ од 44.000,00 денари;
    • Парична помош за пензионирање – едно барање во износ од 3.000,00 денари;
    • Парична помош за прваче – две барања во износ од 8.000,00 денари;
    • Парична помош за лекување – едно барања во износ од 15.000,00 денари;
    • Парична помош за смрт на член на Фондот – три барања во износ од 60.000,00 денари;
    • Парична помош за боледување – едно барање во износ од 6.100,00 денари
    • Парична позајмица по друг основ – едно барање во износ од 40.000 денари;
    • Парична позајмица без основ – шест барања во износ од 90.000,00 денари.

Комисијата и понатаму ќе продолжи активно да ги помага членовите на Синдикатот на УПОЗ, преку навремено разгледување и одобрување на поднесените барања согласно Правилникот за доделување на парична помош од Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ.

Денес со задоволство го најавуваме започнувањето на новиот Европски проект насловен Trade Union – New voice for louder youth, чија цел е да создаде нова генерација млади синдикални лидери и да им обезбеди алатки за активно учество во креирањето на поправедно, порамноправно и одржливо општество.

Младите се носители на промените, но многумина од нив сè уште немаат доволно знаење, вештини и можности за целосно вклучување во овие процеси. Токму затоа, во наредните 24 месеци, Синдикатот на УПОЗ како координатор а преку партнерство на 11 организации од младинскиот, синдикалниот, образовниот и истражувачкиот сектор од 7 европски земји, ќе работиме на надминување на овој јаз.

Проектот има јасна мисија — да ги оспособи младите синдикални членови да станат активни учесници во донесувањето одлуки, и во синдикатите и во општеството.
А во таа насока, поставени се три клучни цели:
1. Подобрување на младинското учество во синдикатите
– преку истражување за потребите на младите,
– формирање експертска група,
– и воспоставување и тестирање на структурирана образовна програма преку синдикалните академии.

2. Зајакнување на прекуграничната соработка и мрежата на млади синдикални активисти
Во почетната фаза, директно ќе бидат вклучени 7 синдикати и повеќе од 200 млади активисти, со цел создавање единствена европска платформа за размена на знаења и искуства.

3. Подигнување на видливоста и атрактивноста на синдикатите кај младите
– преку модернизација на комуникациските стратегии,
– користење дигитални алатки,
– и силна медиумска кампања која се очекува да допре до најмалку 700.000 граѓани.

Во рамките на проектот ќе се спроведат повеќе активности:
истражување за потребите на младите во синдикатите; развој на универзална образовна програма; имплементација на една заедничка и шест национални синдикални академии; развој на интерактивна веб-платформа; средби со Европската федерација на синдикати на јавните служби (EPSU) за институционализација на програмата; како и сеопфатна онлајн кампања за подобра видливост на синдикатите во заедницата.

Со овој проект, испраќаме силна порака дека младите се не само иднината, туку и сегашноста на синдикалното движење.