Работна средба со Министерот за локална самоуправа Златко Перински

Денес беше остварена работна средба помеѓу Министерот за локална самоуправа, Златко Перински и Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски и Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски.

На оваа средба, Генералниот секретар на УПОЗ Трипуноски го запозна Министерот Перински со активностите кои Синдикатот на УПОЗ ги спроведе во последните две години каде беа потпишани повеќе од 50 колективни договори на локално ниво.

На крајот беше договорено во периодот кој следи да се унапреди соработката и заеднички да се изнаоѓаат решенија за ситр проблеми.