На последната седница на Судско - буџетскиот совет е донесена Одлука со која судските службеници се директно дискриминирани.

Иако сите вработени во судската власт, се под ист буџет, Советот одлучи дека НЕМА средства за додатоци на плата за вработените во судовите, ама ИМА средства за додатоци за вработените во Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.

Со ваквата Одлука, се само што се крши членот 32 од Уставот на РСМ, туку и директно се потценува трудот на оние кои се столбот на судскиот систем.

Ова селективно обезбедување на средства создава револт и придонесува за масовен одлив на квалитетен кадар од судовите.

Затоа, Судско буџетскиот совет мора да ја корегира оваа неправда и да обезбеди средства за додатоци на плата за СИТЕ судски службеници за месец март, како и за целата 2026 година.

Во прилог е барањето на Синдикатот на УПОЗ до Судско буџетскиот совет.

678184471 1419404106886010 2212784916489368178 n

678399446 1419404093552678 8718102978814370915 n

 


На покана на Синдикатот на УПОЗ, претседателот Трпе Деаноски оствари работна средба со генералниот секретар на Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ), Јан Вилем Гудриан.

​На средбата, која се одржа во рамките на годишната конференција на синдикатите од Централна Европа и Западен Балкан во Скопје, генералниот секретар беше запознаен со клучните активности на Синдикатот на УПОЗ во изминатата година. Како особено значаен успех беше истакнато потпишувањето на поединечните колективни договори на ниво на работодавач, со кои значително се унапредуваат правата на вработените во управата и правосудството.

​Генералниот секретар на ЕПСУ ги поздрави постигнатите резултати и заложбите на Синдикатот на УПОЗ, нагласувајќи дека ЕПСУ и во иднина ќе продолжи со силна и безрезервна поддршка за сите активности на синдикатот.

European Public Service Unions (EPSU)

Денес во просториите на Фондот ПИОМ, Синдикатот на УПОЗ претставуван од Генералниот секретар Бојан Трипуноски и Претседателот на СО при Фонд ПИОМ Милинко Влаховиќ од едната страна и Директорот на Фонд Пиом Никола Mемов, беше потпишан Анексот на колективниот договор за вработените во Фондот за ПИОМ, со кој се унапредуваат правата на вработените.

Со овој анекс се прави важен чекор кон подобрување на стандардот на вработените и остварување на нивните права.

Денеска направивме голем чекор напред во заштитата и унапредувањето на работничките права!

Со големо задоволство ве информираме дека е потпишан Колективен договор за вработените во Основен суд Дебар.

Со овој договор уште еднаш потврдуваме дека Синдикатот на УПОЗ секогаш стои во одбрана на правата на своите членови.