Работна средба со раководството на Фондот за здравствено осигурување

На ден 09.07.2024 година, во просториите на Фондот за здравствено осигурување беше остварена работна средба помеѓу претставници на Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, Генералниот Секретар на Синдикатот на УПОЗ Бојан Трипуноски и Заменик претседателот на СО при ФЗОМ Зоран Печевски, со ново именуваните директори на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.

На оваа средба се разговараше за отворените прашања кои вработените во ФЗОМ ги имаат со години наназад, а главниот акцент беше ставен на нерешениот проблем со висината на платите на вработените, не исплатеното усогласување на платите со порастот на минималната плата и систематизацијата на работните места.

Новото раководство на ФЗОМ истакна дека сите отворени прашања ќе се решат преку преговори со Синдикатот и дека соработката на ФЗОМ и Синдикатот на УПОЗ уште повеќе ќе се унапреди во наредниот период.