На 26.12.2023 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 16-та седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 35 неповратни барања во вкупен износ од 133.000,00 денари а беа одобрени и две вонредни позајмици за лекување во износ од 60.000,00 денари.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања пред новогодишните празници, на 26.12.2023 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 16-та седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени осум барања барања кои во вкупен изнесуваат од 44.300,00 денари. Едно барање беше поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 10.000,00 денари а беа реализирано и едно барање за парична помош во исклучителни случаи во износ од 6.000,00 денари. Исто така на седницата беше разгледано и одобрено едно барање во вкупен износ од 20.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 28.11 година до 26.12.2023 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 37 барања во вкупен износ од 193.000,00 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 11 барања во износ од 33.000,00 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 4 барања во износ од 40.000,00 денари
  • Парична помош за пензионирање – 17 барања во износ од 51.000,00 денари
  • Парична помош за прваче – 3 барање во износ од 9.000,00 денари и
  • Парична позајмица за лекување – две барања во износ од 60.000,00 денари.

На ден 25.12.2023 година, во Агенцијата за Катастар на Недвижности, се потпиша Анекс на Колективниот договор за вработените во АКН. Овој Анекс беше потпишан помеѓу директорот на АКН д-р Борис Тунџев од едната страна и Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната Организација на УПОЗ при АКН Љубиша Јовановски од другата страна.

Со овој Анекс на КД, на вработените во АКН им се овозможува право на 13 плата согласно исполнети законски услови како и правото од Јубилејна награда за контуинирана работа кај ист работодавач и тоа за
- за 10 години - 50% од просечна плата
- за 20 години - 100% од просечна плата
- за 30 години - 150% од просечна плата и
- за 40 години - 200 % просечна плати.

Од 1 јануари 2024 година на сите вработени во АКН со овој анекс ќе им се зголеми додатокот на плата за 5% и истиот сега ќе изнесува 20 % на основната плата, со можност на надминување на нормативната работа за добивање на дополнителни 10%.

На овој начин Синдикатот на УПОЗ уште еднаш докажа како се унапредуваат правата од работен однос како единствен репрезентативен Синдикат во Агенцијата за катастар на недвижности.

Синдикатот на УПОЗ бара итна работна средба, со Министерот за финансии Фатмир Бесими, на која треба веднаш да се пристапи кон потпишување на Колективни договори за вработените во Министерството за финансии, Бирото за јавни набавки и Управата за имотно правни работи, како и за останатите орагни во состав на Министерството за финансии.

На 28.11.2023 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 15-та седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 44 неповратни барања во вкупен износ од 188.900,00 денари а беа одобрени и две вонредни позајмици за лекување во износ од 30.000,00 денари.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања, на 28.11.2023 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 15-та седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени шест барања барања кои во вкупен изнесуваат од 37.000,00 денари. Две барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 60.000,00 денари а беа реализирани и четири барања за парична помош во исклучителни случаи во вкупен износ од 24.000,00 денари. Исто така на седницата беа разгеледани и девет барања за парична позајмица по разни и одобрен износ од 195.000,00 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 19.10 година до 27.11.2023 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 46 барања во вкупен износ од 218.900,00 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 13 барања во износ од 39.000,00 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – шест барања во износ од 120.000,00 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 9 барања во износ од 90.000,00 денари
  • Парична помош за пензионирање – 5 барања во износ од 14.900,00 денари
  • Парична помош за прваче – 11 барање во износ од 33.000,00 денари и
  • Парична позајмица за лекување – две барања во износ од 30.000,00 денари.