На 26.12.2023 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 16-та седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 35 неповратни барања во вкупен износ од 133.000,00 денари а беа одобрени и две вонредни позајмици за лекување во износ од 60.000,00 денари.
Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања пред новогодишните празници, на 26.12.2023 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 16-та седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.
По основ парична помош за боледување беа поднесени осум барања барања кои во вкупен изнесуваат од 44.300,00 денари. Едно барање беше поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 10.000,00 денари а беа реализирано и едно барање за парична помош во исклучителни случаи во износ од 6.000,00 денари. Исто така на седницата беше разгледано и одобрено едно барање во вкупен износ од 20.000,00 денари.
Во периодот меѓу двете седници од 28.11 година до 26.12.2023 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 37 барања во вкупен износ од 193.000,00 денари и тоа:
- Парична помош за новороденче – 11 барања во износ од 33.000,00 денари
- Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 4 барања во износ од 40.000,00 денари
- Парична помош за пензионирање – 17 барања во износ од 51.000,00 денари
- Парична помош за прваче – 3 барање во износ од 9.000,00 денари и
- Парична позајмица за лекување – две барања во износ од 60.000,00 денари.