Проектот TUAC 2026 ги заврши меѓународните фокус групи

Како дел од меѓународниот проект „Синдикатот – нов глас за погласни млади“ (TUAC2026), истражувачкиот тим успешно заврши важна фаза од теренската работа, што претставува значаен чекор во првата година од проектот.

Во периодот помеѓу почетокот на 2026 година и пролетта 2026 година, спроведени се вкупно 12 фокус-групи во шест европски земји — Македонија, Романија, Турција, Литванија, Хрватска и Србија — кои ги обединија 109 учесници од 21 град.

Од вкупниот број учесници, 46% жени, а 54% мажи. Учесниците, на возраст од 19 до 35 години, ги рефлектираат двете клучни групи централни за целите на проектот:

- Студенти и не членовите кои се млади работници, и

- Членовите на Синдикатот.

Овие фокус-групи ги истражуваа перцепциите на младите за синдикатите, нивните искуства со (или дистанцата од) синдикалните структури, како и нивните очекувања во однос на колективното организирање во современиот работен контекст.

Дискусиите се осврнаа и на бариерите за членување, релевантноста на синдикатите во несигурните и променливи пазари на труд, како и идеи за подостапни и попривлечни форми на синдикално дејствување.

Наодите ќе бидат директен придонес во развојот на Синдикалната академија, која е централна компонента на проектот TUAC2026. Оваа идна едукативна платформа има за цел да ја опреми новата генерација синдикални активисти со знаења, вештини и мрежи потребни за зајакнување на работничкото организирање низ Европа.

Со завршувањето на фокус-групите, проектот преминува во следната фаза: анализа и синтеза на наодите, кои ќе послужат како основа за претстојните работилници, пилот-програми и заеднички иницијативи меѓу проектните партнери.

1

2

Copy of Trade Union New Voice for Louder Youth

4

5