Известување во врска со степенот на кариера

Како резултат на работата на Синдикатот на УПОЗ во изминатиот период, на Педесет и третата седница на Владата на Р. Македонија одржана на 06.02.2018 година, донесена е информација во врска со степенот на кариера на државните службеници со неколку заклучоци.

 Согласно овој извадок, се задолжуваат сите институции да изготват преглед на парични обврски кои произлегуваат по поведени судски постапки за степен на кариера и се препорачува на институциите овие постапки да се завршат со Спогодба и да не се прават дополнителни трошоци во постапките.

Во прилог на извадокот е приложена Спогодба која по наши сознанија веќе е почната да се дели на вработените во бланко форма и без вработените да бидат известени кој степен на кариера им следува.

Поради ова, сугерираме доколку се добие бланко Спогодба истата да не се потпишува се додека секторот за човечки ресурси од организацијата во која работите не ве извести кој степен на кариер Ви следува согласно добиените оценки од 2008 година до 2014 година.

Доколку не се согласувате со степенот на кариера кој е наведен во Спогодбата, правото можете да го остварувате во судска постапка бидејќи правото за утврдување на степен на кариера не застарува.

Доколку претпоставените во Вашата институција вршат притисок да потпишете бланко спогодби, Ве информираме веднаш да го известите Синдикатот на УПОЗ како навремено би можеле да реагираме.