Синдикатот на УПОЗ се оградува од ставот на ССМ за пензионирање

Синдикатот на УПОЗ се оградува од ставот на ССМ во врска со продолжување на старосната година за пензионирање.

Во врска со соопштението на Сојузот на синдикати на Македонија за продолжување на старосната граница за пензионирање, Синдикатот на УПОЗ се оградува од ставовите изнесени во него и смета дека истите не ги изразува ставовите на Синдикатот на УПОЗ во погледот на ова прашање.

Во врска со било каква измена и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување не е расправано на Претседателството или Советот и изненадени сме од начинот на кој е издадено соопштението.

Синдикатот на УПОЗ смета дека за вакво значајно прашање од интерес на работниците потребно е широка расправа во синдикатите и Сојузот со цел да се изгради заеднички став.