Во изминатите денови, вработените во шест министерства и две државни органи, покажаа дека и на минусни температури можат да излезат на протести за да ги остварат своите права.
Овие денови, се изначитавме декларативни соопштенија од страна на Владата, преку кои Владата не канеше на средби преку Вас медиумите, а ние формално не добивме никаква покана за продолжување на дијалогот.
“Бидејќи дијалог не се води преку соопштенија и преку Вас медиумите, Синдикатот на УПОЗ денес поднесе формално барање за средба со Претседателот на Владата на Р. Македонија, со која бараме повторно продолжување на дијалогот кој еднострано беше прекинат од страна на Министерството за финансии со одбивање на предложените Колективни договори за додатокот на плата за овие вработени кои се тука со нас” – кажа на прес конференциајта Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.
Вработените очекуваат, Владата да покаже разбирање и да ја прифати оваа подадена рака од Синдикатот на УПОЗ, за изнаоѓање на решение нашите барања, а во спротивно ќе бидеме приморани повторно да ги активираме протестите како и да ги искористиме сите со закон дадени можности за изразување на незадоволството на работниците до остварување на барањата.