ПРВА РАБОТНА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Потпишување на нов Колективен договор и продолжување на социјалниот дијалог и партнерство беа темите за разговор на денешната средба на претставниците на Синдикатот на УПОЗ и директорот на Агенцијата за вработување.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ Пецо Грујовски, Генералниот секретар Трпе Деаноски, Претседателот на Синдикалната организација при Агенцијата за вработување Стефанка Витеска и Членот на Советот на ССМ од Синдикатот на УПОЗ Бењат Бакии одржаа работна средба со Директорот на Агенцијата за вработување на С. Македонија (АВРСМ).

Главно прашање на оваа средба беше договор и продолжување на активностите за потпишување на нов Колективен договор за вработените во АВРСМ со цел да се подобрат правата од работен однос на вработените и да се прецизираат нивните обврски.

Директорот на АВРСМ г – дин Абдуш Демири истакна дека од страна на АВРСМ во најкраток можен рок ќе се формира работна група за потпишување на новиот Колективен договор и  изрази подготвеност за подобрување на воспоставената соработка со Синдикатот на УПОЗ и подобрување на правата на вработените.