Постигната заедничка согласност со некои прашања за вработените во јавните обвинителства

 

На средбата со Јавниот обвинител се разговараше за продолжување на исплатата на додатоците на плата на јавнообвинителските службеници, исплата на степенот на кариера, потпишување на Колективен договор и други прашања од интерес на јавнообвинителските службеници.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ Пецо Грујовски, заедно со Генералниот секретар Трпе Деаноски, претседателот на синдикалната организација при јавните обвинителства Изабела Илиева и членот на Извршниот одбор на синдикалната организација Мартин Антевски остварија работна средба со Јавниот обвинител на Р. Македонија Љубомир Јовески и Генералниот секретар во јавно обвинителство Митко Митревски.

На оваа средба која се оствари по долгогодишно игнорирање на Синдикатот на УПОЗ од страна на поранешниот јавен обвинител се разговараше за: продолжување на исплатата на додатоците на плата на јавнообвинителските службеници, исплата на степенот на кариера, потпишување на Колективен договор, потребата од зголемување на бројот на јавнообвинителските службеници и измена на Законот за јавнообвинителската служба.

Во однос на исплатата на додатоците на плата, Јавниот обвинител истакна дека од негова страна веќе се направени напори за продолжување на исплатата на овие додатоци и дека за овој месец на јавнообвинителските службеници им е исплатен додаток од 5%, а во наредниот период ќе се работи на зголемување на процентот за додатоците.

Во однос на степенот на кариера претставниците на Синдикатот на УПОЗ беа информирани дека по направена анализа истата и добивањето на соодветен степен на кариера истиот ќе биде исплатен согласно препораката на Владата на Р. Македонија.

Jавниот обвинител и Генералниот секретар исто така истакнаа дека во наредниот период ќе бидат примени дополнителен број вработени кои би требало да го намалат обемот на работа на постоечките јавнообвинителски службеници.

НакрајотнасредбатаПретседателот на Синдикатот на УПОЗ истакна дека средбите меѓу Синдикатот на УПОЗ и јавните обвинителства за разлика од минатото треба да се одржуваат редовно и по пат на социјален дијалог и социјално партнерство заеднички да се решаваат сите отворени прашања.