Протест на вработените во судската и јавно обвинителската служба

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација, денес пред Основниот граѓански суд одржаа протест на кој го искажаа својот за неисплаќањето на додоците на плата за суските и јавнообвинителстките службеници.

Со одлука на Уставниот суд, уставните судии сами на себе и на сите други судии, членови на судскиот буџетски совет, обвинители, како и останати функционери си ги покачија платите за 78%.

Иако во законот за судска служба е наведено дека вработените имаат право да добиваат додаток на плата за доверливост, ризик, посебни работни услови, овој додаток на плата повеќе не се исплаќа, бидејќи сите средства во судскиот буџет се наменети само за исплата на платите на членовите на судскиот буџет и судиите – укажа Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Со години наназад предупредуваме и потенцираме дека не смее да има зголемување на платите на судиите без да се зголемат платите на судската служба. Со години наназад најголемите и нај долготрајните штрајкови се одржуваат токму во судовите и току поради фактот дека секогаш судиите добиваат покачување на плата и додатоци на плата а вработените не добиваат ништо.

Трпението на оваа група на вработени е при крај.

Денешниот протест беше предупредување дека доколку во најбрз рок не се направи нешто суштествено за решавање на проблемите со платата и додатоците на плата на вработените во судовите и обвинителствата, од септември оваа група на вработени се спремни на целосен прекин на работниот процес.  


Статистика

  • Корисници 2
  • Артикли 355
  • Посети на артикли 250546

Онлајн

Имаме присутни 84 гости и нема членови