Членовите на Синдикатот на УПОЗ преку Солидарниот фонд на Синдикатот на УПОЗ, девета година по ред, имаат можност за остварување на неповратна парична помош за прваче, во висина од 3.000,00 денари.
Ве информираме, дека ова право, членовите на Синдикатот на УПОЗ почнаа да го остваруваат од 2014 година, а во период од 2014 до 2022 година, реализирани се 1407 барања со вкупен износ од 4.221.000,00 денари.
Сакаме на сите родители членови на Синдикатот на УПОЗ, да им го честитаме почетокот на основното образование на своите најмили.