Град Скопје севкупен победник на 29. СИС УПОЗ

Од 06.06 до 09.06.2021 година во хотелскиот комплекс Метропол се одржаа 29.тите спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ. Оваа година како и минатата учество зедоа над 400 членови на Синдикатот на УПОЗ од 32 синдикални организации.

Екипите се натпреваруваа во пет дисциплини а севкупен победник во машка конкуренција беше Синдикалната организација при Општина Струмица со освоени 8 бодови. Жените се натпреваруваа во четири дисциплини а севкупен победник беше екипата на Синдикалната организација при Град Скопје со освоени 12 бодови, како и четири дисциплини во мешана конкуренција. Севкупен победник на 29.тите спортски игри и средби со вкупно 21 бод беше Синдикалната организација при Град Скопје.

Оваа година како и изминатите години за успешна организација на овие игри, Синдикатот на УПОЗ со спонзорство беше поддржан од Халк Банка и Кожуфчанка АД Кавадарци која обезбеди производи од својот асортиман.

Наредните два дена, беа одржани натпреварите во поединечна и екипна конкуренција по утврдени термини а игрите поминаа во спортска и  фер атмосфера.

За да присуствуваат што поголем број членови на Синдикатот кои сакаат да учествуваат на спортските игри, Синдикатот на УПОЗ и оваа година додели досега најголем износ од 610.000,00 денари а средствата ги искористија СО при Агенцијата за катастар на недвижности, СО при Основниот суд Куманово, СО при Општина Виница, СО при КПУ Затвор Штип, СО при Министерството за финансии, СО при Општина Струмица и СО при Фонд ПИОМ.

Третата и завршна вечер, беше резервирана за доделување на најдобрите по дисциплини, беа обезбедени пехари и дипломи што преставуваше врв на тридневните натпреварувања, дружења и забава.

Врз основа на искажувањата и впечатоците на учесниците, можеме да констатираме дека имавме уште едни успешни спортски игри и средби.