Вицепремиерот Битиќи, денес ни порача дека кратењето на плати не треба да го сфатиме лично. А, како да го сфатиме?
Неофицијалните информации говорат дека сите вработени кои ќе се упатат да работат од дома, ќе добијат помала плата од 10% до 30%. Тоа значи дека како награда за работата од дома, која ќе значи повисоки сметки за струја, греење, храна итн. ќе добијат пониски плати, а во некои случаи дури и пониска плата од минималната плата.
Со овој потег, Владата ги укина Сндикатите и Колективнито договарање, и ги прекрши Уставот, Законите и Конвенциите на МОТ кои Р.Македонија ги има потпишано.
Ќе дочекаме за прв пат во историјата на нашата држава, еден Министер да добие поголеми ингеренции од Премиерот и во најголема финансиска криза да одлучува кој смее, а кој не смее да добие плата.
Со ваквите постапки, Владата едноставно успеа да го навлече бесот на вработентие и да ги обедини Синдикатите, а за последиците и беост кој ќе произлезе од овие мерки, ние нема да бидеме одговорни.