Синдикатот на УПОЗ како потписник на Колективниот договор за вработните во Управата за јавни приходи (УЈП) и страна која ги застапува правата на своите членови, но и на сите вработените во УЈП е загрижен за континуираното, масовно и сериозно кршење на правата од работен однос на даночните службеници и вработените во УЈП.
Управата за јавни приходи долг временски период ги ограничува правата на вработените со носење на поединечни акти на работодавачот, не ги применува законските одредби и одредбите од Колективниот договор особено оние кои се однесуваат на начинот на пресметка на плата, додатоците на плата и други надоместоци од работен однос, се прават незаконски времени и трајни прераспоредувања на вработените, а не се признава ни стекнатиот степен на образование на сопствените вработени.
Бидејќи ваквата состојба опстојува долг временски период бараме од Владата, Министерството за финансии и пред се од работодавачот – Управата за јавни приходи веднаш да пристапи кон:
- Утврдување и исплата додадок на плата од 30% и за вработените во Управата за јавни приходи (почнувајќи од јануари 2023 година) согласно автентичното толкување донесено од Собранието на РСМ дадено кон одредби од Законот за буџети;
- Пресметување и исплата на плата, надоместоци и додатоци на плата на вработените во УЈП најитно да се усогласи и да се врши согласно Колективниот договор и начин уреден со закон;
- Да се врши усогласување на пресметката и исплатата на платите во УЈП со порастот на индексот на трошоци на живот во случаи кога ќе надмине 10% во споредба со претходниот месец како што е предвидено во Колективниот договор на УЈП;
- Признавање на степен на образование со кое се стекнал вработениот во УЈП, и
- Да се прекине со злоупотреба на времено распоредување на вработените во УЈП и истото да се користи во случаи, за период и на начин пропишан со закон и Колективниот договор на УЈП
Време беше изворно да се слушне барем дел од вистината и за вработените во УЈП кои долги години на различни начини се обесправени во остварување на своите права од работен однос.
Воедно ги повикуваме сите надлежни органи и колеги – Државен инспекторат за труд, Државен завод за ревизија, Народен правобранител, Комисија за дискриминација, во рамките на своите надлежности да преземат мерки и да спроведат надзор по допрен глас во Управата за јавни приходи како работодавач, а во насока на почитување и прекин на масовното кршење на правата од работен однос на сите вработени во УЈП.
Синдикатот на УПОЗ цврсто ќе застане зад барањата и остварувањата на правата на вработените во УЈП.