ПОТПИШАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ

Денес, 24.08.2022 година, во просториите на Општина Петровец, се потпиша Колективен договор за вработените во Општина Петровец. 

Колективниот договор од страна на Синдикатот на УПОЗ го потпиша претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација при Општина Петровец Елена Младеновска од едната старна и Градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски од другата страна. 

Со овој колективен договор се уредуваат правата, обврските, одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Петровец како вработувањето и унапредувањето, платите и надоместоците, регресот за годишен одмор итн. 

Радува фактот што Синдикалната организација при Општина Петровец, самоиницијативно од страна на вработените се формираше во почетокот на месец јули, и по само месец дена се подготви и потпиша текст на Колективен договор.