СЕ ПОБЛИСКУ ДО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТАТА ВО ИЗНОС ОД 2.806,00 ДЕНАРИ

Денес 21.04.2022 година (петок), во организација на Вице примиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи, Министерот за труд и социјална политика Јованка Тренческа, Министерот за финансии Фатмир Бесими, Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и Министерот за образование и наука Јетон Шаќири од едната страна и претседателот на ССМ Дарко Димовски, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, претседателот на СГИП Иван Пешевски и шефот на кабинетот на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, во Владата на Р.Северна Македонија се одржа работен состанок на која се достави предлогот на Сојузот на Синдикати на Македонија за зголемување на платата во јавниот сектор во износ од 2.806,00 денари за сите вработени кои со порастот на минималната плата не го добија предвидениот износ.

Барањето за зголемување на платите во износ од 2.806,00 денари од страна на преставниците на ССМ за сите вработени во јавнио сектор, би се реализирало со нов ребаланс на буџетот. Со ова покачување кое пред се е солидарно ќе се амортиизраат ценовните шокови од зголемената инфлација со која се соочуваме.

На крајот се заклучи дека зголемувањето на платите во износ од 2.806,00 денари ќе се решава преку отпочнување на преговори за нов Општ колективен договор за јавниот сектор, во кое ќе се врати и правото на регрес за годишен одмор, право кое низ годините за оваа група на вработени не го остварувале.

На оваа средба исто така, од страна на преставниците на ССМ се покрена и прашањето за исплата на регресот за годишен одмор за целиот јавен сектор од 2023 година, право кое во овој момент го ужувааат само вработените во државната управа, право кое е обезбедено преку Гранскиот колективен договор кој е потпишан од страна на Синдикатот на УПОЗ во 2020 година.

Со оваа работна средба двете страни му даваат можност на социјалниот дијалог со што сите отворени прашања ќе се решаваат на маса и низ дијалог а преговорите ќе продолжат во текот на наредната недела, каде ќе се отпочне и со новата методологија за пресметка на платите.