ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ОД СОЛИДАРНИОТ ФОНД НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ СЕ ИСПЛАТЕНИ 12.500,00 ЕВРА НЕПОВРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ

Денес 16.02.2022 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата втора седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 289 неповратни барања во вкупен износ од 1.061.400 денари од кои 253 барања во износ од 789.000 денари се реализирани барање по членот 28 од Правилникот за солидарен фонд, а кој се однесува на парична помош за заболување од вирусот Ковид 19.

Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот, денес 16.02.2022 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата втора седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.

По основ парична помош за боледување беа поднесени и реализирани пет барања во вкупен износ од 17.600 денари. Три барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 18.000 денари, а беше доделена и една парична помош по основ елементарна непогода во износ од 30.000 денари. Исто така на седницата беа разгеледани и 11 барања за парична позајмица по разни основи а беа одобрени вкупно седум позајмици во вкупен износ од 150.000 денари.

Во периодот меѓу двете седници од 01.01.2022 година до 15.02.2022 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 289 барања во вкупен износ од 1.061.400 денари и тоа:

  • Парична помош за новороденче – 12 барања во износ од 36.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на Фондот – четири барања во износ од 80.000 денари
  • Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 10-ет барања во износ од 100.000 денари
  • Парична помош за пензионирање – девет барања во износ од 26.400 денари
  • Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 253 барања во износ од 789.000 денари (исплата за заболените членови од Ковид 19);
  • Парична помош за лекување – едно барање во вкупен износ од 30.000 денари.

Комисијата за солидарен фонд донесе заклучок и му предлага на Претседседателството на Синдикатот на УПОЗ, на наредната седница дополнително да се ревидираат критериумите и условите за доделување на парична помош за забоување од вирусот Ковид 19, со оглед на зголемениот број на барања по овој основ.