Здравствени услуги - Скопје

ПЗУ Т.Бурназовски

ПЗУ Т.Бурназовски е ординација со 25 годишно искуство и имаме склучено договор со ФЗОМ што значи работиме како матичен стоматолог.

 На членовите на  Синдикатот на УПОЗ ги нудиме следниве услуги:

  ОПШТА СТОМАТОЛОГИЈА

-Нанокомпозитни пломби

-Екстракција на заби

-Надоградба со ретенционо колче

-Естетски нанокомпозитни фасети

-Ендодонтска теропија на заби

-Чистење забен камен и полррање на заби   по цени од фондот

  ПРОТЕТИКА

-Металкерамички коронки

-Филпорцелански коронки

-Фулцирконија коронки

-Акрилатни протези

-Визил протези

-Флексибилни протези(валпласт,термосенс,дефлекс)

  За услугите на ПЗУ Т.Бурназовски членовите на Синдикатот на УПОЗ ги

   добиваат следниве поволности:

  -За плаќање во готово 8,5 %попуст(за протетски изработки)

 -Плаќање на рати од 3 до 12 рати  при што минималната рата да не е помала од 1000 денари.

  За да се користат поволностите што ги нуди ПЗУ Т.Бурназовски членовите на Синдикатот на УПОЗ треба да достават:

   За повеќе информации може да се јавите на 072 773 193

ПЗУ УСКЦ ПРОФ. Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ

ПЗУ УСКЦ „Проф д-р Бојо Андрески – Скопје

Најповолно и со најсовремена техника до совршена насмевка!!!

Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „ПРОФ.Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ“ е единствена приватна здравствена установа од овој тип во Р.Македонија која што врши најсложени видови на здравствена заштита во стоматологијата. Сместени сме во самиот центар на Скопје, опремени според најсовремени стандардии со структурна организираност која што овозможува тимско решавање на проблемите со Вашите заби.Работното време - секој ден од 08 до 20 часот , а за матичните пациенти сме на располагање 24 часа ( на повик )

Клиничкиот центар е овластен за вршење стоматолошки услуги од примарната здравствена заштита за кои пациентот партиципира во цената на стоматолошките услуги (сини картони) доколку избере матичен лекар од нашата здравствена установа.

Клиничкиот центар просторно е поделен во шест специјалистички клиники:

- Клиника за ортодонција;

- Клиника за детска и превентивна стоматологија;

- Клиника за болести на забите и ендодонтот;

- Клиника за болести на устата и пародонтот;

- Клиника за орална хирургија со имплантологија;

- Клиника за протетика.

Како составни делови на нашата институција функционираат рентген-кабинетот и заботехничката лабораторија.

За повеќе детали контактирајте не на телефон број 02 / 3 20 20 22 или на www.eurmdentalcenter.mk

За членовите на синдикатот на УПОЗ одобруваме плаќањето на стоматолошките услуги да се врши преку административна забрана на месечните приходи на име плата на корисниците –вработени во институциите , членки на УПОЗ , како и членовите на нивното семејство.

Цената на стоматолошките услуги може да се исплати на 5 рати со административна забрана на плата, притоа пациентот плаќа 20 % од вкупната сумата, а за преостанатиот износ ќе се спроведе административната забрана.

За користење на стоматолошки услуги кои го надминуваат износот на ратата , 1/3 од плата, доколку побара пациентот, може со одобрение на генералниот директор на ПЗУ да му се дозволи поголем број на рати.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за користење на поволностите:
ПОТВРДА (потпишана од страна на претседателот на синдикалната организација)
ИЗЈАВА (потпишана од страна на барателот/член на Синдикатот на УПОЗ)
АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА (потпишана и заверена од страна на работодавачот)

ПЗУ БОЖИНОСКИ (Стоматологија/протетика)

ПЗУ Божиноски
ЕКСЛУЗИВНО и САМО за членовите на Синдикатот на УПОЗ, плаќањето на извршените здравствени услуги во ПЗУ „Божиноски“ може да се врши по НАЈПОВОЛНИ УСЛОВИ.

Членовите на Синдикатот на УПОЗ кои живеат во Скопје можат да ја посетат ординацијата на ПЗУ „Божиноски“ во населбата „Кисела Вода“, на ул. „Тодор Паница“ бр.7/2 (во близина на зградата на Општината).

ПЗУ „Божиноски“ ги нуди следните услуги:

  • Пломбирање и лекување на заби
  • Вадење на заби
  • Чистење на забен камен и лекување на парадентоза
  • Парцијални и тотални протези
  • Рентген дијагностика
  • Изработка на коронки и мостови (метал-керамика и безметална керамика)
  • Професионално белење на заби
  • Ортодонски протези
  • Вградување импланти

САМО за членовите на Синдикатот на УПОЗ, ПЗУ „Божиноски“ ги нуди следните поволности:

  • Попуст од 10% за СИТЕ услуги што паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување доколку ординацијата се избере за матична
  • Попуст од 15% за СИТЕ услуги доколку истите се наплаќаат приватно
  • Попуст од 10% за изработка на протези, коронки и мостови доколку износот е до 12.000 денари
  • Попуст од 5% и плаќање на 3, 6 или 12 рати доколку извршените услуги изнесуваат над 12.000 денари (бројот на ратите зависи од висината на износот)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за користење на поволностите:

ПОТВРДА (потпишана од страна на претседателот на синдикалната организација)
ИЗЈАВА (потпишана од страна на барателот/член на Синдикатот на УПОЗ)
АДМИНИСТРАТИВНА ЗАБРАНА (потпишана и заверена од страна на работодавачот)
За комплетната ПРОЦЕДУРА за користење на поволноста за плаќање на 3, 6 или 12 рати, кликнете ТУКА.

Контакт: Наталија Размовска (075) 38 28 10

Аквамарин Меди Велнес

41712130_313060629271923_7485152910502789120_n.jpg

СПЕЦИЈАЛНО само за членовите на Синдикатот на УПОЗ, Аквамарин Меди Велнес Ви нуди плаќање на нашите услуги на повеќе рати.

Би сакале да ви понудиме дел од нашите услуги кои ги вршиме во нашиот колагенски центар. Современиот начин на живот придонесува за појава на состојби кои ни го отежнуваат секојдневното живеење, особено кога пандемијата ни го ограничи движењето и наметна невообичаен начин на живот. Неправилната исхрана придружена со долготрајно седење, неправилно држење на телото, екстремна употреба на компјутер, мобилен телефон, загадувањето на животната средина, стресот итн. се дел од факторите кои го нарушуваат нашето здравје. Затоа ние ви ги нудиме нашите услуги како можност да направите барем мал придонес за одржување на вашето здравје и добросостојба.

За повеќе информации, погледнете го нашиот веб сајт: www.aquamarin.mk

ГУНА БИО-терапија-природна метода за мускулно-скелетни патологии 

Picture1.jpg 

Колагенска Биотерапија - терапија со ГУНА колаген медицинските средства кои се аплицираат локално на засегната регија со цел да ги заменат, зајакнат, реструктурираат и заштитат ткивата на мускулно скелетниот апарат (мускули, тетиви, лигаменти, зглобни капсули, коски, рскавици) преку подобрување на анатомската структура и функција на колагенските влакна и структурите кои ги содржат, истовремено обезбедувајќи механичка поддршка на засегнатата регија.

Гуна колагенот има особена употреба при следните индикации: Мускулно-скелетни нарушувања предизвикани од артритис, остеоартритис, ишијалгични болки, болки во колено, рамо, лакт, колк, шаки, стапало, болки во вратот, грбот и половината, истегнување на мускулите, синдром на карпал тунел, неуралгии, мигренозни главоболки и др.

ГУНА БИО-лифтинг-Природна метода на подмладување

Picture2.jpg

Колагенски Bio Lifting - терапија со ГУНА колаген медицинските средства. Апликацијата на овој колаген поттикнува биолошки одговор од страна на човековиот организам со стимулирање на продукција на сопствен колаген, со што се подобрува структурата на колагенските влакна и консеквентно на сите анатомски структури во кои е присутен колагенот.

Гуна колагенот може да се аплицира на повеќе регии од телото, особено за спречување на физиолошкото стареење и како сигурен и безбеден производ за anti-aging ревитализација на лицето и телото.

Гуна колагенот има особена употреба при следните индикации:

  • Ревитализирачки третман на зрела кожа (лице, врат, деколте и шаки/раце);
  • Ревитализирачки третман на мрсна кожа склона на акни, црвенило, оток;
  • Лифтинг и затегнување на опуштена кожа (лице, врат, подбрадок, деколте, очни капаци, гради, внатрешна страна на надлактица и натколеница);
  • Редуцирање на локална адипозност (масно ткиво) во пределот на абдомен, бедра,колено и др. регии;
  • Редуцирање и елиминирање на целулит;
  • Редуцурање и елиминирање на лузни, стрии, флеки и др.

Останати Услуги:

  • Медицинска масажа на грб
  • Медицинска масажа на цело тело
  • Релакс масажа на грб
  • Релакс масажа на цело тело
  • Парафински третман на шака
  • Антицелулитна масажа
  • Мадеро терапија на тело
  • Вакуум мадеротерапија
  • Мадеро терапија на лице
  • Фитрол третман на цело тело

Одложено плаќање, односно:

од 6.000 до 12.000 денари на 2 рати,

од 12.100 до 30.000 денари на 3 рати и

над 31.000 денари на 6 рати

Комплетната понуда може да ја погледнете на следниот линк (кликни тука). 

Потребни документи се: 

  • Потврда (заверена и потпишана од страна на претседателот на Синдикалната организација)
  • Административна забарна (потпишана и заверена од старна на работодавачот)
  • Изјава (потпишана од страна на корисникот на услугата). 

Сите понудени услуги се изведуваат со претходно закажани термини.

Ако постои интерес од ваша страна, или ви е потребна консултација закажете термин на нашите телефони: 02 5127 833; 075 210 121

Epsu