СЕЛЕКТИВНА И ПРИВЕЛЕГИРАНА ВАКЦИНАЦИЈА

Синдикатот на УПОЗ остро реагира на вчерашната вакцинација во правосудството и прашува дали животот на судиите и обвинителите вреди повеќе од животот на судските и јавнообвинителските службеници.

Поради тоа Синдикатот на УПОЗ денес се обрати до Владата и Министерството за здравство кое ви го пренесуваме целост.

"Согласно барањата на Синдикатот на УПОЗ и Националниот план за вакцинација, вработените во правсудството (судовите и обвинителствата), спаѓаа во приоритетната категорија за вакцинирање со вакцини притив вирусот ковид -19. Како синдикат го поздравивме ваквиот пристап и се надевавме дека вакцинирањето на вработените во правосудството ќе се заврши навремено бидејќи овие вработени работат со странки и директно се изложени на ризик од зараза со вирусот.

Во судовите скоро сите вработени се изложени на ризик. Судските доставувачи – куририте, кои секојдневно носат судска пошта и остваруваат контакт со граѓани, за кои и не знаат дали се суспектни на вирусот или не. Шалтерските работници кои примаат поднесоци од странки и издаваат увренија, потврди и.т.н. директно на странките. Судските полицајци на кои работните места им се на влезовите во судовите и се првиот контакт со странките, судските записничари – дактилографи и судските соработници кои се дел од тимот на судиите и на крај судиите.

Оттука не е јасно, зошто во текот на вчерашниот ден вакцинацијата решивте да ја започнете само со судиите и обвинителите, а не и со вработените од судската и јавнообвинителската служба. Иако работата во судовите и обвинителствата е тимска и судиите и обвинителите не можат да работат без службениците, Вие по се изгледа проценивте дека животите на функционерите се поважни од оние на вработените.

Ова до толку повеќе што во текот на вчерашниот ден се вакцинираа и членовите на Судскиот совет кои и во нормални услови немаат допир со странки, а со отпочнување на корона кризата таквите контакти сосема ги анулираа.

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирани 279 судии и над 100 обвинители, а вкупниот број вработени во судовите и обвинителствата е над 4000, па Вие сами проценете дали со вакцинација на 379 функционери сте ги заштитиле другите вработени или уште повеќе сте ги довеле во ризик.

Затоа апелираме во најкраток можен рок да обебедите имунизација за вработените во судската и јавнообвинителската служба и притоа да се обезбеди и превоз до и од пунктовите за вакцинација, за да дополнително се заштити здравјето на вработените согласно здравствните протоколи.

Очекуваме брзо постапување и одговор во најбрз можен рок."