По доставениот извештај од Синдикатот на УПОЗ до Европската федерација на синдикатите од јавниот сектор (ЕПСУ) за работата на Синдикатот во 2020 година, ЕПСУ и неколку европски синдикати, се обратија до Владата на РСМ со барање доследно да се почитуваат сите одредби од потпишаниот Грански колективен договор за вработените во државната администрација меѓу Синдикатот на УПОЗ и Владата на РСМ.
Најголемите европски синдкати како и синдикатите од нашиор регион, кои членуваат во ЕПСУ, писмено се обратија до Владата на РСМ со цел да им укажат дека одредбите од Колективниот договор и колективните догвори на ниво на работодавач, мора во целост да се почитуваат. ЕПСУ по добивањето на извештајот за работата на Синдикатот на УПОЗ, наведе дека после 25 години конечно беше потпишуван Грански колективен договор за вработените во државната администација. Со тој колективен договор, се унапредија и вратија голем број на права кои низ годините им беа ускратени на вработените во државната администрација, но и покрај надежите дека со потпишувањето ќе почне доследна примена на колективните договори, се соочивме со непочитување на веќе потпишаното и нерализирање на одредби колективниот договор.
Генералниот секретар на ЕПСУ Јан Вилеам Гудријан, писмено се обрати во име на сите осум милионското членово на ЕПСУ со писмо до Владата на РСМ во кое наведе дека е загрижен што од страна на работодавачот, во случајов Владата на РСМ, не се почитува веќе потишаното. Имено како што стои во извештајот на Синдикатот на УПОЗ, овој колективен договор не се почитува во повеќе сегменти а особено неучеството на Синдикатот во креирање на државниот буџет во рамките на организациите, не исплатата на регресот за годишен одмор на вработените во државната управа за 2020 година итн.
По доставувањето на информациите до сите членки на ЕПСУ, до Владата на РСМ се обратија и Унијата на синдикати од Германија која во писмото наведе дека со непочитување на колективниот договор се суспендира социјалниот дијалог и колективнито договарање кое е спротивно на Меѓународните и Европските конвенции на работниците и човековите права. Исто така до Владата на РСМ се обрати и најголемиот синдикат во Обединетот Кралство УНИСОН, во кој членуваат 1.3 милиони работници, кој исто укажуваат дека Владата на РСМ не ги испочитувала одредбите на колктивниот договор со кој сметаат дека тоа преставува прекинувањето на социјалниот дијалог и нарушување на колективното преговарање.
До Владата на РСМ, се обратија и Синдикатот на државните службеници и другите вработени во органите на државанта управа, судската власт и јавните установи во Федерација Босна и Херцеговина, која укажа дека едностраното непочитување и неисполнување на одредби од колективниот договор ја нарушува меѓусебната доверба на Владата и Синдикатот. Синдикатот на управата и правосудството на Црна Гора во писмото до Владата посочува дека со непочитување на Колективен договор од Владта на РСМ, која тежнее да стане членка во Европската унија, недопустливо е игнорирање и непочување на права од Колективни договори. Исто така, писмо до Владата на РСМ упати и Синдикатот на државните и локалните службеници и другите вработени во Република Хрватска, кој низ свои примери за долгогодишно преговарање со Владат на Република Хрватска, го посочија нивниот макотрпен пат за остварување на поголеми права за вработните во државанта управа, и дека со непочитување на потпишаното од една страна, се занемарува целиот тој труд. Само со остваруавње на правата од колективните договори, се зголемува социјалното партнерство и довербата едни кон други, а со тоа и вработените ќе ги почустуваат бенефитите од колективното преговарање.
Од страна на Претседателот на Владата на РСМ Зоран Заев, до генералниот секретар Јан Вилеам Гудријан, беше проследен одговор во кој се посочува дека преговорите со Синдикатот на УПОЗ ќе продолжат, и дека Владата на РСМ заедно со Синдикатот на УПОЗ ќе изнајдат заедничко решение за целосна примена на Гранскиот колективен договор за вработените во државната управа, но за жал тоа до ден денес не се случи.
Доколку и натаму продолжи ингорантскиот однос на Владта на РСМ, и покрај укажувањата на европските синдикати сметаме дека е нарушено социјалното партнерство и правата од Гранскиот колективен договор, а вработните ќе мора да ги остваруваат правата по судски пат, не е добро за социјалниот дијалог а дополнително ќе биде оштетен Буџетот на РСМ.