Синдикатот на УПОЗ денес официјално потпиша анекс на Колективниот договор со Градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов, со кој се овозможува зголемување на платите за 20% на сите вработени во локалната самоуправа.
Овој значаен чекор е резултат на посветеноста и соработката меѓу Синдикатот на УПОЗ и локалната власт, насочена кон подобрување на условите за работа и достоинството на јавната администрација.