На 16.07.2025 година, Комисијата за солидарен фонд ја одржа својата 30. седница, на која беа разгледани барања по најразлични основи поднесени од страна на членовите на Синдикатот на УПОЗ. Во периодот помеѓу две седници, беа реализирани вкупно 30 неповратни барања во вкупен износ од 135.000,00 денари.
Со цел да им се излезе во пресрет на членовите на Синдикатот за поднесените барања во летниот период, на ден 16.07.2025 година Комисијата за Солидарен фонд, ја одржа својата 30-та седница на која беа разгледани барањата на членовите по разни основи.
По основ парична помош за боледување беа поднесени осум барања барања кои во вкупен изнесуваат од 58.600,00 денари. Пет барања беа поднесени и реализирани по основ парична помош за лекување во вкупен износ од 29.400,00 денари. Исто така, на оваа седница беа одобрени и три позајмици (две за лекување и една по друг основ) во вкупен износ од 100.000,00 денари.
Во периодот меѓу двете седници од 12.06 до 15.07.2025 година, согласно Правилникот беа одобрени и исплатени вкупно 40 барања по следниве односи:
- Парична помош за новороденче – 11 барања во износ од 44.000,00 денари;
- Парична помош за пензионирање – шест барања во износ од 18.000,00 денари;
- Парична помош за прваче – 10 барања во износ од 40.000,00 денари;
- Парична помош за смрт на член на Фондот – едно барање во износ од 20.000,00 денари;
- Парична помош за лекување – едно барање во износ од 10.000,00 денари;
- Парична помош за боледување – едно барање во износ од 3.000,00 денари;
- Парична позајмица – осум барања во износ од 260.000,00 денари;
- Парична позајмица без основ – четири барања во износ од 60.000,00 денари.