Во периодот помеѓу две седници на Комисијата за солидарен фонд, беа одобрени рекордни 320 барања во износ од 1.405.200 денари, парична помош за членовите на Синдикатот на УПОЗ по најразлични основи.
Комисијата за солидарен фонд на Синдикатот на УПОЗ на 29.01.2021 година, ја одржа својата 30-та сединца, на која беа разгелдани поднесените барања на членовите на Синдикатот на УПОЗ по разни основи. Поднесени и одобрени беа седум барања по основ парична помош за боледување во вкупен износ од 46.700 денари. Едно барање беше одобрено по основ загрозена материјална состојба во износ од 10.000 денари и три барања по основ парична помош за лекување во износ од 61.000 денари а шест барања беа одобрени по основ парична помош позајмица (школување и лекување) во износ од 161.000 денари.
На оваа седница, беа разгледани и неколку спорни предмети, кои не ги исполнуваа условите за добиваање на парична помош од Правилникот за солидарен фонд.
Во периодот меѓу двете седници од 03.12.2020 година до 28.01.2021 година, согласно Правилникот беа одобрени и испалтени вкупно рекордни 320 барања во вкупен износ од 1.405.200 денари и тоа:
- Парична помош за новороденче – 12 барања во износ од 36.000 денари
- Парична помош за прваче – 12 барања во износ од 36.000 денари
- Парична помош за смрт на член на Фондот – седум барања во износ од 140.000 денари
- Парична помош за смрт на член на потесно семејство – 12 барања во износ од 120.000 денари
- Парична помош за пензионирање – 12 барања во износ од 35.200 денари
- Парична помош по член 28 (исклучителен случај) – 263 барања во износ од 948.000 денари (за исплата на парична помош за заболени членови од вирусот Ковид – 19)
- Парична позајмица за лекување – три барања во износ од 90.000 денари.
Комисијата за солидарен фонд при Синдикатот на УПОЗ и натаму ќе продолжат да ја следи состојбата и да им помага на своите членови за неповратни средства и парични позајмици кои ги исполнуваат условите согласно Правилникот за солидарен фонд.