ПОТПИШТАН КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ВО ОПШТИНА КУМАНОВО

На 30.10.2020 година, Синдикатот на УПОЗ и Општина Куманово претставувани од Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, претседателот на Синдикалната организација при Општина Куманово Дарко Станојковски  и Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски го потпишаа Колективниот договор за вработените во Општина Куманово.

Оваа активност е уште еден показател дека Синдикатот на УПОЗ и натаму продолжува со склучување на колективни договори на ниво на работодавач. Колективниот договор за вработените во Општина Куманово содржи одредби со кое се подобруваат правата на вработените и нивата положба.

Со овој Колективен договор решен е и проблемот со платите на професионалните пожарникари вработени во Општина Куманово и мислиме дека ова решение може да се примени во сите останати општини како и во Градот Скопје.

Во наредниот период Синдикатот на УПОЗ ќе продолжи со своите активности за потпишување на колективни договори на ниво на работодавач и во други институции.