УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНА РАБОТИЛНИЦАТА “ЗАШТИТИ ГО ПРАВОТО НА ТВОЕТО ПРАВО”

Секцијата на Млади при Синдикатот на УПОЗ, заедно со Синдикалниот центар за едукација и обуки, ја одржаа повеќедневната онлајн работилницата ЗАШТИТИ ГО ПРАВОТО НА ТВОЕТО ПРАВО, активност која е финансирана од Европската младинска фондација на Советот на Европа.

На оваа работилница, учество зедоа 24 млади синдикални активисти од  повеќе синдикални организации членки на Синдикатот на УПОЗ, кој дискутираа за заштита на своите човекови права за време на вонредна состојба со акцент на правата од работен однос и социјалните права, а беа запознаени и со достапните механизмите за заштита. Оваа работилница, беше орагнизирана на платформата ZOOM, која беше прво искуство како за самите учесници така и за проектниот тим.

Учесниците на почетокот со мала доза на резерва ја прифатија оваа работилница со оглед на фактот што за прв пат учествуваат на ваква онлајн работилница, но со самиот тек овие недоумици и страв, прераснаа во една плодна дебата и разменување на мислења.

За време на вонреданта состојба, учесниците се соочиле со голем број на курсеви, обуки преку Интернет, кои за сите нив биле новина, но ваквиот вид на едукација, во овие моменти е единствениот начин да се слушнат нивните проблеми со кои се соочиле во изминатиот период. Беа претставени повеќе платформи како ZOOM, MENTIMETER, PADLET, JAMBOARD, MENTIMETER и слични, а се со цел, да се подготват за нивните активности во нивите организации.

На оваа работилница, главен акцент беше ставен на тоа што е вонредна состојба, кој ја прогласува и како треба ние да се однесуваме за време на истата. Се покажа дека доста малце од учесниците се запознаени со тоа што значи вонредна состојба. По краткиот теоретски дел кој од страна на експертскиот тим беше презентиран, учесниците се вклучија во дебата и разменуваа мислења.

Како задача која треба да ја спорведат самите учесници е организирање на шест мали работилници во нивните организации со цел да продускутираат за повреда на права од работен однос и повреда на човекови права но и достапните механизми за заштита. Во натамошниот тек на овој проект ќе биде реализирана и медиумска кампања, со која младите ќе се запознаат со своите права за време на вонредна состојба.