Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на РМ (УПОЗ) и Синдикалната организација при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на 19.1.2020 година на конференција за медиуите го осудија однесувањето на дополнителниот заменик-министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Во врска со упадот на дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветант Tрипуновски, Синдикатот на УПОЗ на прес конференција реагираше по повод ваквиот упад и особено што и покрај предупредувањето на раководителот на подрачното оделение тој продолжи со снимањето.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски, однесувањето на дополнителниот заменик министер го оквалификува како непримерно, и според него ова претставува нарушување на личниот интегритет на вработените и своевиден мобинг и затоа упати апел до сите носители на јавни функции.
„Апелираме до сите носители на јавни функции да се воздржуваат во натамошниот период до изборите од снимање, а доколку тоа е потребно за работниот процес, должни се тоа да го најават во Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на лични податоци”, потенцираше претседателот на Синдикатот на УПОЗ Пецо Грујовски.
Со цел спречување на понатамошни вакви случувања, Синдикатот на УПОЗ ќе ги извести и Европската и Светската федерација на синдикатите од јавниот сектор, кои имаат големо влијание во европските институции. Истoвремено на финкционерите им порача:
„Носителите на јавни функции да не ја злоупотребуваат јавната администрација и да не ја користат за сопствен партиски маркетинг и интереси заради остварување на изборни цели!”
Јавноста е сведок дека јавната администрација и пред и после избори секогаш е на удар на партиите и од едната и од другата страна и сите се обидуваат да ја користат за партиски цели.
„Јас како претседател на Синдикатот на УПОЗ мислам дека пред околу осум години кажав дека работата во јавната администрација е исто стресна, како и многу други професии, меѓутоа некои веројатно не го сфаќаат тоа и мислат дека денес е привилегија да се работи во јавната администрација. Да, ако се седи и ако не се работи, меѓутоа ако професионално се исполнуваат обврските сметам дека воопшто не е привилегија”, изјави Груевски.
Сепак, Синдикатот во врска со однесувањето на Трипуновски, не може ништо да преземе освен да предупреди јавно на свесност и совесност на вршењето на фунцкиите од страна на функционерите, но тој посочи дека доколку овој процес продолжи ќе ги рзагледаат сите можности што ги нудат институциите на системот.