СЕ ОДРЖАА ЈУБИЛЕЈНИТЕ 25-ти СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

Севкупен победник на јубилејните 25-ти спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ беше Синдикалната организација при Управата за јавни приходи

Од 06.06 до 09.06.2019 година во хотелскиот комплекс Метропол се одржаа 25.тите спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ. Оваа година како и минатата учество зедоа над 450 членови на Синдикатот на УПОЗ од 33 синдикални организации.

Екипите се натпреваруваа во осум дисциплини а севкупен победник во машка конкуренција беше Синдикалната организација при Општина Струмица со освоени 11 бодови. Жените се натпреваруваа во седум дисциплини а севкупен победник беше екипата на Синдикалната организација при Управата за јавни приходи со освоени 23 бодови, како и три дисциплини во мешана конкуренција каде победник беше Синдикалната организација при Апелационо подрачје Штип. Севкупен победник на 25.тите спортски игри и средби со вкупно 38 бодови беше Синдикалната организација при Управата за јавни приходи.

Ова се екипите кои учествуваа на овие 25-ти спортски игри и средби: Апелационо подрачје Штип (ОС Штип, ОС Струмица, ОС Берово, ОС Делчево), Управа за јавни приходи, Јавни обвинителства на РМ, Агенција за катастар на недвижности, Локална самоуправа Битола, Фонд на ПИОМ, Дирекција за заштита и спасување, Локална самоуправа Карпош, Апелационо подрачје Гостивар (ОС Тетово и ОС Дебар), Локална самоуправа Струмица, Апелационо подрачје Скопје (ОС Скопје 1, ОС Скопје 2, ОС Куманово, ОС Велес, ОС Кавадарци), Казнено поправана установа Затвор Штип, Службен весник на РМ, Локална самоуправа Гевгелија, Град Скопје, Јавно претпријатие Стрежево - Битола, Агенција за вработување на РМ, Фонд за здравствено осигурување, Државен инспекторат за земјоделство, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Општина Кисела Вода, Општина Аеродром, Општина Крива Паланка, Министерство за правда и Локална самоуправа Велес.

Свеченото отворањето на игрите се одржа на базенот на Хотел Белви. Претседателот Пецо Грујовски свечено ги отвори јубилејните 25-ти спортски игри и средби.. Оваа година како и изминатите години за успешна организација на овие игри, Синдикатот на УПОЗ со спонзорство беше поддржан од Витаминка А.Д. Прилеп, Здружението на возачи на град Скопје, ЕАМ Конфекција Штип и Кожуфчанка АД Кавадарци која за отворањето обезбеди производи од својот асортиман. Наредните два дена, беа одржани натпреварите во поединечна и екипна конкуренција по утврдени термини а игрите поминаа во спортска и  фер атмосфера.

За да присуствуваат што поголем број  членови на Синдикатот кои сакаат да учествуваат на спортските игри, Синдикатот на УПОЗ и оваа година додели досега најголем износ од 474.000 денари.

Третата и завршна вечер, беше резервирана за доделување на најдобрите по дисциплини, беа обезбедени пехари и дипломи што преставуваше врв на тридневните натпреварувања, дружења и забава.

Врз основа на искажувањата и впечатоците на учесниците, можеме да констатираме дека имавме уште едни успешни спортски игри и средби.