ПРВ ДЕН, ПРВИ ПОБЕДИ НА 25-тите СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ

На првиот ден од јубилејните 25-ти Спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ, веќе ги имаме и првите победниците во одредени дисциплини. Но, сепак на крајот на игрите ќе откриеме кои беа најдобрите.

Имено, утрото започна со одржување на спортските игри според утврдените термини и до доцна вечерва ќе трае борбениот дух на спорстките екипи. Игрите и играчите се во добро расположение и се надеваме дека и утре, на вториот ден ќе биде исто.

Инаку, годинава Синдикатот на УПОЗ ги организира јубилејните 25-ти Спортски игри и средби кои започнаа вчеравечер, а ќе траат до 08.06.2019 година кога ќе бидат затворени, исто така во 21 часот со свечено прогласување на победниците на игрите.

Оваа година за учество во игрите се пријавија над 450 членови на Синдикатот на УПОЗ од 33 синдикални организации. Синдикалните екипи се натпреваруваат во осум дисциплини мажите, односно во седум дисциплини жените. Како и секоја година и оваа за помасовно учество, Синдикатот на УПОЗ доделуваше позајмици за своите членови.

А за игрите да бидат успешни се погрижија нашите пријатели од Кожувчанка, Витаминка и Здружението на возачи на Град Скопје. Тие за најуспешните помогнаа да им се обезбедат скромни награди и признанија кои ќе бидат доделени на свечената завршна вечер.

Се надевавме на добра игра, на фер и спортска атмосфера и до овој момент ја имаме. Нека биде така и на последниот ден.