СЕ ПОИЗВЕСНО Е ДЕКА ДВЕТЕ БАРАЊА НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОЗИТИВНА РАЗРЕШНИЦА

После низата разговори и разговорот што беше остварен денес со Министерката за правда Рената Дескоска се поизвесно е дека ќе се изнајде решение и за барањето околу враќањето на незаконските одземени средства на судските службеници од 2016 година. Приоритетното прашање во врска со додатоците на плата, со измените на Законот за судска служба е пред реализација.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) Пецо Грујовски, заедно со Претседателот на здружението на судска администрација (ЗСА) Борче Мирчевски, во текот на денешниот ден остварија средба со министерката за правда Рената Дескоска на која се разговараше за конечната верзија на измените на Законот за судска служба и се бараше решение за враќање на незаконски одземените пари за време на 60 дневниот штрајк на судските службеници во 2016 година.

Министерката Рената Дескоска информираше дека измената на Законот за судска служба е веќе влезен во постапка и истакна дека со оваа измена додатоците на плата во висина до 35% ќе ги добијат и судските службеници. Претседателите на Синдикатот на УПОЗ и ЗСА на состанокот предложија и дополнителни измени на одредбата од Законот со која ќе се утврди задолжителна примена, односна исплата на додатоците на плата, што беше и прифатено од министерката.

Во врска со враќањето на незаконско задржаните средства за време на штрајкот беа разгледувани неколку понудени решенија од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА за кои треба министерката за правда треба да се произнесе во најбрз можен рок.   

Вчерашната средба не беше во насока да се информира туку исклучиво во насока конечно да се изнајде решение за сите натежнати проблеми со кои години наназад се судира судската администрација и доколку не се изнајде решение за проблемот на средбата кај Премиерот на која ќе учествуваат и министерката за правда и министерот за финансии Синдикатот на УПОЗ останува на ставот да го одреди датумот за започнување на штрајкот.