Во очекување на средбата со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, да потсетиме дека Синдикалната организација при Јавните обвинителства на РМ и Колегиумот на судии и подружницата на Здружението на судии од ж суд Скопје 1 ги поддржуваат напорите на Синдикатот на УПОЗ за изнаоѓање решение и судските службеници да добиваат 35 проценти на додатоците за плата и да им се вратат незаконски задржаните пари за време на штрајкот во 2016 година.
Ова е прва конкретна поддршка на судии и суд во Република Македонија, што е особено значајна во долгогодишната битка на судските службеници.
Да потсетиме и дека Синдикатот на УПОЗ бара оставка од претседателот на Судскиот буџетски совет Зоран Караџовски како морален чин за злоупотребата на службената положба и состојбата во судството заради неговите непромислени постапки за време на штрајкот во 2016 година и непреземање било какви активности за надминување на состојбата.
Исто така, Синдикатот на УПОЗ пред да донесе Одлука за датумот за започнување на штрајкот, денес ќе има средба со Министерката за правда Рената Дескоска и доколку не се најде решение, понеделник или вторник ќе се одржи средбата со Премиерот на која би присуствувале и министрите за правда и финансии.