Вработените во Македонската Академија за науки и уметности повторно го активираат штрајкот кој еднаш беше ставен во мирување.
За потсетување, штрајкот во МАНУ започна на 09.02.2023 година и траеше до 10.03.2023 година, по што се потпиша спогодба за ставање на штрајкот во мирување бидејќи работодавецот се согласи на сите барања на работниците и презеде обврска истите да ги исполни.
Бидејќи од потпишаната спогодба не е исполнето ништо штрајкот повторно се активира и ќе трае се до исполнување на барањето на вработените, а тоа е да се зголемат платите на вработените во МАНУ.
Мораме да апелираме нашето барање да го слушнат другите надлежни институции во државата, Собранието и Владата, бидејќи академиците наместо да седнат и да преговараат со синдикатот, истите од периодот кога беше најавено активирање на штрајкот најмија адвокатска канцеларија преку која се одвива целата комуникација со вработените и која има една и единствена задача, а тоа е да ги заплашува вработените и да го забрани одвивањето на штрајкот.
Исто така, дел од академиците и раководителите на организационите единици при МАНУ од кога беше најавено активирањето на штрајкот и на денот на неговото отпочнување им се закануваа на вработените дека доколку почнат со штрајк ќе бидат избркани од работа, а одредени раководители со пцости и навреди им се обраќаат на вработените што не доликува на титулата академик. Им порачуваме, дека секој еден кој што ќе врши притисок и ќе се заканува, ќе биде објавен со име и со презиме без разлика за кого станува збор и каква функција има во МАНУ.
Го посетаме раководството на МАНУ дека во спогодбата која ја потпиша со синдикатот, преземаа обврска дека до 31 декември 2023 година, ќе биде потпишан Колективен договор и да се направи измени и дополнувања во Законот за МАНУ со кои конечно ќе се реши проблемот со платите.
Од 31.12.2023 година, до денес поминаа девет месеци, вработените не добија ништо, освен закани, пцости и навреди.
Наместо да се реши проблемот се ангажираат адвокатски канцеларии, се бараат средства од буџетот на државата за се што треба и не треба само не да се реши проблемот со платите на вработените.
Вработените се спремни да издржат се до исполнување на барањето и покрај заканите од раководството.