Од 23. Септември до 25. Септември во Брисел, беше реализирана студиска посета во рамките на проектот Trade Unions – New impetus for youth participation 2023.
Синдикатот на УПОЗ, како координатор на овој проект, заедно со партнерите од Развојниот центар за млади и Синдикатот Независност од Србија, претставниците на Синдикатот Хизмет - ИШ од Турција, Синдикатот Млади Плус од Словенија и УСБ од Грција, делегираа свои претставници кои имаа можност да ги претстават резултатите од спроведеното истражување пред Дирекцијата за образование, млади, спорт и култура при Европската комисија која е предводена од Карен Вандервеге, но и да го подготват планот и програмата за натамошното делување на синдикалната академија, како нов концепт на едукација на младите членови. Оваа прилика беше искористена да се истакне делувањето на секциите на млади и нивното континуирано усовршување и поголема вклученост во Синдикатите.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски, кој воедно е и координатор на проектот TUNI2023, исто така оствари работна средба со Елиса Марзано, која офицерка задолжена за реализацијата на проектот ТUNI2023 од страна на Европската комисија. На оваа средба, беше разговарано за досегашниот тек на реализирани активности на проектот, подготовка на нова апликација, а Претседателот Деаноски ја информираше офицерката Марзано, дека за 28 ноември 2024 е планирано да се одржи завршната конференција на овој проект во Скопје, а со тоа и ја покани да биде дел од овој настан и да ги пренесе искуствата од страна на Европската комисија во една сесија.
Работниот дел на оваа посета беше завршен со посета на Европската федерација на Синдикатите од Јавниот сектор (ЕПСУ) кој преставува 8 милиони работници во јавниот сектор ширум Европа. Во нивните простории, претставниците на конзорциумот имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на ЕПСУ, со што се разменија искуства преку примери на добра практика. ЕПСУ е одличен пример за борба за родова еднаквост, која се состои од конкретни акции и директни преговори со работодавачите за правата на жените, а тоа се рефлектира и во нивното членство, каде повеќе се застапени жените.
Реализацијата на проектот Trade Unions – New impetus for youth participation, Синдикатот на УПОЗ ја започна со осум партнери од Европа, со цел да ги зголеми капацитетите на младите во Синдикатите низ информирање, тренинг и едукација. Во досегашниот тек на проектот, беа реализирани истражување до кое дојдовме до причините за неактивноста на младите во синдикатите, изработка на настана програма за реализација на првата Синдикална академија, одржана студиска посета на Синдикатот Млади Плус во Словенија кои ги пренесоа своите позитивни примери и работа со младите а во тек е и онлајн кампања со цел да се допре до што повеќе млади луѓе.
Проектот Trade Unions – New impetus for youth participation се реализира со поддршка од Европската комисија преку програмата ЕРАСМУС + KA3 – European youth together.